Група демонстранти вечерва пред Собранието на Република Македонија нападнаа и потешко повредија снимател и новинар на А1он.
Повредените со возило на брза помош се пренесени во Ургентен центар. Насилниците ја искршија и камерата на А1он по што избегаа од местото.
А1он ќе поднесе пријава против организаторот Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и ќе бара надомест на штета за дивјачкото и примитивно однесување.








