Секакви работи можат да се видат на фудбалските натпревари. Една од таквите состојби видена е во финалето на бразилскиот регионален куп каде се сретнаа Пајсанду и Куиаба Еспорте.
Пајсанду ја бранеше предноста од првата средба, но во реваншот во четвртата минута од продолжението примија гол, па натпреварот прво имаше продолжение, а потоа и пенал серија.
Таму главната улога ја имаше дефанзивецот на Пајсанду, Каике Оливеира. Тој одлучи да го изведе пеналот на невообичаен начин. Излезе надвор од казнетиот простор, потоа одеше до топката, застана, се врати неколку чекори назад и на крај ја испрати далеку покрај стативата.
Неговата екипа загуби, а изведувањето на пеналот стана хит на социјалните мрежи.
Погледајте и самите како сето тоа изгледаше.
https://www.youtube.com/watch?v=GqzViUsj_GA&feature=youtu.be