Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НВО: Итно да се формира Комисијата за заштита од дискриминација, партиите да се воздржат од политички игри
Во Фокусот

НВО: Итно да се формира Комисијата за заштита од дискриминација, партиите да се воздржат од политички игри

септември 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието итно да ја формира независната Комисија за заштита од дискриминација, како клучен елемент за имплементација на Законот за спречување и заштита од
дискриминација, политичките партии да се воздржат од партиски игри при изборот на членовите кои треба да имаат интегритет, а изборот на членовите да ја отсликува во суштина разноликоста на општеството во целина, повикаа учесниците на денешната јавна дебата „Што по усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација?

Предизвици во спроведувањето на ЗСЗД“ во организација на Мрежа за заштита од дискриминација.

Изборот на членовите на Комисијата е ставена како точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, чие одржување дебеска беше одложено, како последица на што може да се создаде правен вакуум бидејќи ќе истече рокот за постапување по веќе поднесените претставки од страна на граѓаните за дискриминација по разни основи.

Мрежата ќе се залага за усогласување на останатите закони, со Законот за спречување и заштита од дискриминација, а фокусот ќе биде ставен на законите за парнична постпака и за средно образование.

Драгана Дрндаревска, правна советничка од „Коалиција Маргини“ посочи дека во изминатите два месеци се повеќе е присутен говор на омраза во медиумите, особено со притворот на Борјан Јовановски – Боки 13 и изборот на новата министерката за финансии.

Росана Богатинова, проектна координаторка од „Хера“, се осврна на постапката за избор на членовите на Комисијата при што потенцира дека има пропусти уште при објавувањето на самиот оглас и во однос на почитувањето на законскиот рок, на објавувањето на јазиците согласно Законот, како и во начинот на објавувањето.

„Имаме ситуација кога повеќе од еден месец немаме тело за еднаквост во државата. Крајниот рок за формирање на Комисијата беше 22.август, а мандатот на претходниот состав истече“, информира таа.

Александра Цветановска, проект менаџер од „Македонското здружение на млади правници“ говорејќи за ефектите од ненавремениот избор на членовите на Комисијата нагласи дека се примаат претставките кои ги поднесуваат граѓаните на државата, додека рокот во кој Комисијата треба да постапува по нив е 30 дена.

Учесниците на јавната дебата се прашуваат кој ги прима претставките од граѓаните, кога Комисијата не е формирана и уште помалку да постапува.

„Луѓето ја губат правната сигурнсот во ова тело. Имаме рапиден раст во 2018 година на поднесени претставки до Комисијата за заштита од дискриминација. Во 2018 година се поднесени 132 претставки, за ралика од 2017 година кога беа поднесени 59 претставки“, информира таа.

На денешната дебата беше констатирано дека иако постои политичка волја, прашањето не се третира доволно сериозно, а во демократска држава каква што сакаме да бидеме прашањето за недискриминација мора да биде приоритет, особено во пресрет на очеквуањата за почеток на преговори за членство во ЕУ.

актуелно дискриминација Комисија нво
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.