Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Не е време за попуштање на мерките, дури ќе има и нови ако сегашните не дадат резултат, порачаа Филипче и Караџовски
Во Фокусот

Не е време за попуштање на мерките, дури ќе има и нови ако сегашните не дадат резултат, порачаа Филипче и Караџовски

март 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сега не е време за никакво попуштање на рестрикциите. Напротив, би имало дури и затегање на мерките некаде на почеток на следна недела, доколку ова не ги даде очекуваните резултати.

Ова денеска на прес-конференција го порачаа министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во однос на сегашните и евентуално дополнителни рестриктивни мерки.

Тие нагласија дека сме во ситуација кога очекуваме сегашните рестриктивни дополнителни мерки, односно рестрикцијата на движење по 22 часот, да даде уште дополнителни позитивни резултати во контрола на епидемијата и тоа да се случи на крајот на оваа или почеток на следната недела. Состојбата се следи на дневно ниво, и се прави проценка во делот на инциденца, преваленца, хоспитализации и бројот на починати, на болнички кревети и на медицински кадар, како и се она што се случува во епидемиолошка смисла на зборот.

Во однос на тоа дали има анализа што покажува дали полицискиот час од 22 до 5 ќе даде резултати за толку брзо време, со оглед дека сме во фаза на нов силен бран на коронавирусот што многу брзо се шири, Филипче рече дека анализите покажале оти младите луѓе што се групираат по 22 часот се главни пренесувачи на вирусот.

„Во делот на тоа како очекуваме да влијае полицискиот час, епидемиолошките анкети и анализи покажаа дека е многу веројатно оти младите луѓе кои остануваат и се групираат без почитување и по затворање на угостителските објекти се пренесувачи на вирусот и тоа се гледа и преку возрасните групи. Тоа што го детектиравме за време на претходниот бран беше дека по воведувањето одредени мерки во период од две недели беа видливи резултатите, тоа го очекуваме и сега. Ние сега сме во петтата недела и ако претходниот бран траеше шест до осум недели, тоа значи дека сме ја поминале половината и во таа смисла ги очекуваме резултатите на крајот на оваа и почетокот на следната недела“, оцени министерот.

Во однос на барањето на музичарите од Прилеп дека доколку и за нив не се направат протоколи за работа како што работат рестораните и кафулињата, дека ќе го блокираат Плетвар, Филипче одговори дека треба сите да имаат разбирање за ситуацијата и оти не е време за попуштање на мерките.

„Ова менаџирање на кризата подразбира сите да имаат разбирање и  апсолутно ги сфаќам дел од граѓаните или групите на кои овие рестрикции им оставија лоша трага во нивното работење, но во исто време морам да потенцирам дека сега дефинитивно не е време за никакво попуштање на рестрикциите. Искрено се надевам дека ќе го разберат ова, зошто беше донесена таа рестрикција во делот на настаните со музика уште на почетокот на кризата, затоа што тоа беше едно од местата, а беше детектирано дури и во епидемиолошките анкети, дека со музика, со зголемување на концентрацијата на луѓе на помал простор, трансмисијата на вирусот е поголема. Сега ние сме во ситуација кога очекуваме сегашните рестриктивни дополнителни мерки, тоа е рестрикцијата на движење по 22 часот, да даде уште дополнителни позитивни резултати во смисла на контрола на епидемијата, и тоа да се случи на крајот на оваа
недела или почеток на следната“, рече тој.

Филипче повтори оти воопшто не ни размислуваат да има некакво попуштање на мерките, напротив, би имало дури и нивно затегање некаде на почеток на следна недела, доколку ова не ги даде очекуваните резултати.

„Секаде во државата, некаде повеќе, некаде помалку, има зголемување на инциденцата и трансимисјата на вирусот – две работи сметаме дека се причина за ова. Прво, непочитување на мерките и второ соевите на вирус коишто се полесно преносливи“, додаде министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе одат во 14-дневен карантин владините функционери Драги Рашковски, кој е на годишен одмор во Мексико, и Љупчо Николовски, кој отпатувал во Дубаи, Филипче рече дека не би коментирал индивидуални одлуки, истакнувајќи дека карантинот е задолжителен за оние кои ќе допатуваат од која било африканска земја.

„Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји од африканскиот контитент. Причина за тоа е евентуална трансмисија и внесување во земјава на т.н. јужноафриканска варијанта на вирусот, која се карактеризира по тоа што многу побрзо се пренесува и по тоа што се уште не се знае ефектот на вакцините врз овој сој на вирусот. Во однос на другиот дел од прашањето, не би сакал да коментирам индивидуални одлуки“, рече Филипче.

 

актуелно Караџовски мерки филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.