Судот во Росток, Германија, го осуди 49-годишниот Енрико Б. на три години и десет месеци затвор затоа што оштетил три жени за околу 230.000 евра.
Пресудата во салата ја следеа бројни стопанственици и други лица кои велат дека Енрико Б. финансиски ги измамил, па се очекува дека ќе следи понатамошна судска постапка за други измами направени од него, пренесува магазинот „Феникс“.
Во судницата на денот на пресудата имаше и бројни претставници на медиумите и гледачи кои дојдоа да го видат „атрактивниот гробар кој измамил ужалени жени“.
Како што пишуваат германските медиуми, Енрико Б. е погребник со атрактивен изглед, а своите жртви, односно жени, ги „фаќал“ во чувствителен момент додека тагувале, ја добивал нивната доверба, потоа и нив, им ветувал заедничка иднина, а тогаш финансиски ги измамил.
Станува збор за измама во единаесет случаи, штета од околу 230.000 евра и три жртви кои конечно сакаат да го видат Енрико Б. од Росток во затвор.
Жртвите за германскиот РТЛ изјавиле дека наседнале на приказната на згодниот гробар. Сите биле осамени, а тој ја добил нивната доверба.
Го обвинија дека намерно барал нивна близина, дека форсирал интимен однос, им ветувал „брда и долини“, за потоа финансиски да ги оштети.
Една од измамените жени (63) изјавила дека Енрико е човек кој се преправал дека ја сака, но подоцна безмилосно ја ограбил.
Двајцата се запознале по смртта на нејзиниот сопруг во 2019 година. Енрико Б. се погрижил за кремирањето и се што било важно за погребот.
„Беше навистина екстремна ситуација. Тоа беше голем предизвик за мене. Бев среќна кога ми понуди помош, затоа што се морав сама да направам“, изјавила жртвата.
Жената рекла дека обвинетиот бесрамно ја искористил смртта на нејзиниот сопруг.
„Одеднаш тој почна често да доаѓа, беше тука за разговара и ме прегрнуваше. Беше атрактивен. Се разви однос на доверба. Бидејќи, наводно, имал проблеми со даночната управа и сакал да купи куќа, неколку пати му позајмував пари. Оставаше впечаток како успешен и вреден бизнисмен“, изјави жената.
Отпрвин, нивната врска била пријателска, а потоа станала интимна.
Што се однесува до парите, Енрико и ветил дека многу брзо ќе и ги врати. Но, освен неколку илјади евра, не добила ништо. И должел околу 140.000 евра.
„Му реков дека ќе го пријавам ако не ми ги врати парите. На тоа тој гласно се насмеа и рече: ‘Па, направи така’. Беше многу сигурен дека никој нема да му наштети“, изјави оштетената жена, инаку успешен претприемач.
Обемните обвинувања Енрико Б. не сакаше да ги коментира. Неговиот адвокатот, Бенџамин Ричерт, вели дека клиентот кон жените не се однесувал „криминално“. За една од сведоците и за другите две жени рече:
„Таа го прогонува мојот клиент со некаква врста на религиозно лудило. Според мое мислење, сите три жени не се веродостојни и кредибилни, тие се договорени меѓу себе да му наштетат. Сакаат да го стават мојот клиент во затвор. Ним не треба ништо да им се верува“, изјави адвокатот на Енрико. Сепак, се чини дека судијата мислел поинаку и го испрати атрактивниот погребник во затвор, напиша „Феникс“ магазинот.







