Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Негативен резултатот на последното лице што денеска беше тестирано за коронавирус
Во Фокусот

Негативен резултатот на последното лице што денеска беше тестирано за коронавирус

февруари 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Тестовите на лицето за кое попладнево се чекаа резултатите се негативни на коронавирусо“т, соопшти Министерството за здравство.

„Резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус. Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Претходно негативни на присуство на коронавирус беа тестовите на двајца тестирани пациенти, еден возач на камион кој дошол од Северна Италија и една пациентка која допатувала од Рим.

Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.

„Пациентката, пак, кај која беше потврден коронавирус се чувствува добро, има лесна клиничка слика и нема посериозни компликации“, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информираше дека 12 лица кои биле во контакт со оваа пациентка
се во домашна изолација и не смеат да го напуштаат живеалиштето ниту
некој да им доаѓа на гости.

Тие се здрави, немаат никакви симптоми.

Филипче потенцира дека на овие лица храна и вода и други потребни
намирници ќе им доставуваат припадници на Црвениот крст.

„Колку се во домашна изолација, што значи дека се изолирани од конакти со други лица, не смеат да ги напушаат домовите и не смеат да им доаѓаат други лица во домовите. Станува збор за 12 здрави лица, од кои две се деца, во Скопје и Струмица, пред се членови на фамилиите во неколку куќи во истите дворови“, рече Филипче.

Во меѓувреме, Владата ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека доколку во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во регионите: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/ факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето.

На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата.

Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на телефонските броеви:

• ЦЈЗ Битола 071/261-330

• ЦЈЗ Велес 071/219-278

• ПЕ Гевгелија 078/545-444

• ЦЈЗ Кочани 071/373913

• ЦЈЗ Куманово 070/215-851

• ЦЈЗ Охрид 070/723-029

• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747

• ЦЈЗ Скопје 071/289-614

• ЦЈЗ Струмица 072/235-543

• ЦЈЗ Тетово 075/240-464

• ПЕ Гостивар 076/365-161

• ЦЈЗ Штип 078/365-613

• ИЈЗ Скопје 078/387-194

• ЗД Ало докторе 02/15-123

„Сите надлежни служби навремено и одговорно го спроведуваат
протоколот. Апелираме до граѓаните да не се создава паника и да се
информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и
информации. Министерството за здравство продолжува редовно да
информира за состојбата“, соопшти Министерството за здравство.

 

актуелно коронавирус негативен резултат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.