Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема приближување на ставовите за терминот за избори
Македонија

Нема приближување на ставовите за терминот за избори

мај 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема приближување на ставовите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу датумот за одржување на предвремените парламентарни избори.

Двете партии остануваат на своите позиции, но, сепак, не ја исклучуваат можноста за евентуален договор, иако инсистираат да отстапи другата страна.

СДСМ бара избори на 21 јуни, а ВМРО-ДПМНЕ предлага изборно соочување кон крајот на август или почетокот на септември.

Партиите од албанскиот политички блок чекаат договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, иако ДУИ јавно се декларира за брзи избори зависно од
состојбата со Ковид-19, Алијансата за Албанците и Алтернатива се за избори на 26 јули, а БЕСА е против пролонгирање на изборите и ќе го прифати евентуалниот меѓупартиски консензус.

Договор за одржување на предвремените параламентарни избори е можен се додека трае вонредната состојба, но ако тоа не се случи останува да се почитуваат законски утврдените рокови, порачуваат од СДСМ.

Сметаат дека треба да се направат напори да се дефинира датумот, зашто пролонгирањето на изборите за наесен би преставувал преголем ризик за државата, поради можноста од нов бран на коронавирусот.

„Сакавме компромис и затоа и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор за одржување на предвремените параламентарни избори е можен се додека трае вонредната состојба. Понатаму стапува во сила законот кој вели дека изборите треба да се одржат на 21 јуни. Мора да водиме грижа за сите аспекти, грижа за државата, за здравјето на граѓаните и секако да се обезбедат функционални институции. Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да ја воведеме во уставна криза“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговараат дека компромис е можен, доколку има рационален пристап од другата страна и приближување на ставовите, и ако приоритет за сите е здравјето на граѓаните и справување со пандемијата.

За нив фиксниот датум што се предлага од СДСМ е реално и физички неостварлив имајќи ја предвид состојбата во државата со бројот на новозаболени.

„Од една страна имаме рационални ставови во однос на организирање избори кои се пласирани од ВМРО-ДПМНЕ, со кои што се согласуваат граѓаните. Од друга страна имаме ставови кои се небулозни, конфузни од страна на СДСМ кои се единствено во насока во обид да ги спасат криминалите на власта. Во интерес на државата е да има термин за избори кога ќе нема опасност за здравјето на граѓаните, ќе има фер избори, мониторирани од набљудувачи, а тоа во моментов е неостварливо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Засега нема иницијатива за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.

На двете досега одржани, партиските лидери не постигнаа консензус за датум за предвремени парламентарни избори.

Првично, изборите беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.

актуелно избори ставови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.