Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Николовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет, ќе се кратат дискрециони права, бенефиции и привилегии
Македонија

Николовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет, ќе се кратат дискрециони права, бенефиции и привилегии

октомври 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Доаѓа момент, узурпираните институции, кои системски беа уништувани со години, сега да влезат во еден процес на реорганизација на трансформација и на целосен сервис кон граѓаните, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во емисијата „Екононмски магазин“, на телевизијата АлсатМ.

Николовски посочи дека преку неговата функција која е координативна веќе се воспоставува пракса на редовна и тековна поддршка на институциите кои треба да се борат против корупцијата, а кои досега можеби немале или имале слаба комуникација. Истакна дека координацијата и соработката на сите надлежни институции значително ќе се зајакне, а со тоа и борбата против корупцијата и криминалот.

-Ние не можеме да зборуваме за борба против корупција и инвестиции, кога ние имавме многу покрупни проблеми од кои зависеше опстанокот на државата. Имавме еден режим којшто ги сруши сите институции и сега ние почнуваме од минусно салдо, да работиме нешто што треба другите генерации да го сработат. За две години станавме членка на НАТО, ги решивме сите крупни проблеми, добивме одлука за почеток на преговорите со Европската Унија, и добро е што денеска во сите извештаи зборуваме за борба против корупцијата и приоритетите и она што ни се поставува како задачи се токму овие теми кои се значајни за граѓаните, за да се врати довербата во системот, за да постои ред, дисциплина, за да постои правда во сите области, не е тоа само нешто во судството, туку да ги доведеме во ред работите и да профункционираат институциите. Затоа беше потребата од една координитивна улога во овој период којашто сега се воспоставува, изјави вицепремиерот Николовски.

Потенцираше дека дел од приоритети се кратење на сите дискрециони права, бенефиции и привилегии, кои што ги имаат функционерите, потоа измени во целокупното кривично законодаство, кратење на непродуктивни трошоци.

Во делот на извештаите од Државниот завод за ревизија, Николовски посочи дека досега нема податок некој функционер да е разрешен врз основа на ревизорски извештај.

-Не се сеќавам и не најдов податок дека досега некој функционер е разрешен врз база на ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, а ако отворите некој од нив ќе видите дека не се имплементирани ниту препораките, она што им е обврска на раководните структури во рок од три, шест месеци да го направат.Ги гледаме и ги констатираме сите слабости во системот, неповрзаноста, некоординираноста, и како вицепремер ќе бидам тука да помогнам, но не како паралелен систем“, изјави вицепремиерот Николовски, додавајќи дека автономноста на институциите од извршната власт, но и цврстите регулаторни тела треба да се јакнат и ќе ја добијат целокупната поддршка да работат на чесен и одговорен начин со многу храброст и енергија, сите заедно, од сите политички структури.

актуелно бенефиции борба корупција кратење николовски приоритет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.