Братот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Благоја Василевски, денеска
во својот исказ пред судот потврди дека на 27 април минатата година телефонски
разговарале за здравјето на нивната мајка.
„На 27 април минатата година во бев во Виена, на службено патување.
Имав краток семеен разговор со Нинџа, за здравјето на мојата мајка, рече
сведокот.
Прашањето од обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, дали од него на
27 април примил смс порака, не беше дозволено по приговор од
обвинителството дека е наведувачко.
Сведокот Владимир Атанасовски, потоа на прашање од обвинетиот Игор
Југ, одговори дека на 27 април 2017 година примил смс порака од
неговиот брат Александар Василевски-Нинџа.
Во моментов во судот сведочи Дејан Димкоски – Боксер.







