Администрацијата на Бајден планира да ги повика сите Американци оваа есен да добијат дополнителна доза од вакцината „Ковид-19“, за да се спротивстават на новиот бран на зарази, изјави вчера претставник на Белата куќа.
Тој рече дека Центрите за контрола и превенција од болести известуваат за порастот на инфекциите и приемите во болниците заради ширењето на коронавирусот, но додаде и дека вкупниот број на заразени е сè уште низок.
Во четвртокот, од „Модерна“ информираа дека првичните податоци покажуваат дека нејзината нова вакцина против Ковид-19 е ефикасна против подваријантите на вирусот „Ерис“ и „Форнакс“ кај заразените лица.
„Модерна“, „Новавакс“ и „Фајзер“ и германскиот партнер „БиоНТек СЕ“ создадоа верзии на нивните вакцини против корона вирусот насочени на подваријантата ХББ.1.5.
Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во Америка и Европа, компаниите очекуваат дека новите верзии на вакцината ќе бидат достапни во наредните недели за есенската сезона на вакцинација.
„Ќе ги поттикнеме сите Американци покрај вакцините против грип и респираторен синцицијален вирус да добијат нова доза за заштита од корона вирусот“, истакна претставникот на Белата куќа.






