Израелската војска одговори на ракетниот напад од Појасот Газа со воздушни напади насочени врз подземен објект што го користи Хамас, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска рано утрово.
„Воените авиони погодија подземен комплекс кој содржеше суровини што се користат за производство на ракети. ИДФ го смета Хамас одговорен за сите терористички активности кои доаѓаат од Газа и ќе се соочи со последиците од нарушување на безбедноста на Израел“, се вели во соопштението.
Во саботата, палестинските милитанти истрелаа ракета врз израелската погранична област. Израелската војска соопшти дека ја пресретнала ракетата.
Безбедносната состојба во Израел и на палестинските територии со недели е крајно напната.
Девет Израелци и еден Украинец се убиени во палестинските напади оваа година. Од почетокот на терористичкиот бран пред речиси една година, израелската армија спроведува речиси секојдневни рации на Западниот Брег.
Ова доведе до обновување на конфликтот во кој само оваа година се убиени 45 Палестинци.
Постојат и нови извештаи за насилство од израелски доселеници врз Палестинци, израелски активисти или војници.
Израел го освои Западниот Брег и Источен Ерусалим во 1967 година. Денес, таму живеат повеќе од 600.000 израелски доселеници.
Палестинците, пак, ја сакаат таа територија за независна држава Палестина со источен Ерусалим како главен град.
(Фото: АФП)







