Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот
СВЕТ

Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот

јули 29, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако канабисот често се смета за средство за ублажување на стресот, новите наводи од американскиот Државен универзитет во Орегон посочуваат дека редовната употреба може да има спротивен ефект. Научниците поподробно ја разгледаа врската меѓу канабисот и стресот откако и претходни истражувања покажуваа дека марихуаната  може да ги зголеми, наместо да ги намали нивоата на стрес, објави „Сајенс алерт“ (Science Alert).

Научниот тим се сосредоточи на оската хипоталам-хипофиза-надбубрежна жлезда (ХПА), клучен систем за одговор на стрес којшто го контролира лачењето кортизол. Наодите, објавени во списанието „Канабис“ (Cannabis), покажуваат дека луѓето кои редовно користат канабис имаат повисоки нивоа на хормонот веднаш по будењето.

– Нашето истражување укажува дека нивоата на кортизол по будењето би можеле да послужат како невробиолошки маркер за проблематичната употреба на канабис. Оваа врска треба дополнително да се истражи – вели неврологот Анита Червенка.

Истражувањето опфатило 39 редовни корисници на канабис и 43 некорисници или контролни испитаници. Учесниците дале примероци од плунка веднаш по будењето, 30 минути подоцна и во 21 часот во текот на два работни дена. Примероците се тестирани за ниво на кортизол, а учесниците, исто така, пополнија прашалници за нивниот субјективен стрес, квалитетот на спиење и симптомите на менталното здравје. Контекстот на испитувањата е зголемувањето на употребата на канабис, поттикнато од легализацијата и зголемената достапност.

Истражувачите биле особено заинтересирани за одговорот на будење на кортизол (КАР), или утринското покачување на кортизолот. Се смета дека тоа е природен одговор со којшто телото се подготвува за денот.

– КАР е зголемувањето на кортизолот што секој го доживува наутро, достигнувајќи врв околу 30 минути по будењето. Претходни истражувања од други истражувачи открија дека КАР е ослабен кај честите корисници на канабис, но не го добивме истиот резултат. Ова посочува дека постојат бројни нијанси што би можеле да бидат поврзани со аналитичките стратегии и својствата на примерокот – додаде Червенка.

Главниот наод на студијата е дека зголемувањето на кортизолот било слично кај двете групи во рок од 30 минути по будењето. Сепак, редовните корисници на канабис имале повисок кортизол во основата. Исто така е важно да се напомни дека врската помеѓу канабисот и стресот може да биде двонасочна – луѓето под поголем стрес може да користат канабис почесто и обратно. Овие резултати не докажуваат причинско-последична врска.

Се наведува и дека покачениот кортизол придонесува за анксиозност и срцеви заболувања.

– Ќе треба да ги следиме истите групи луѓе во подолг временски период за да разбереме каква било причинско-последична врска. Сепак, сметаме дека ова обезбедува важна почетна точка – вели Червенка.

Податоците од САД покажуваат дека 29 отсто од луѓето на возраст од 19 до 30 години користеле канабис во еден одреден месец, што е речиси двојно повеќе од пред 20 години. Сликата е дополнително усложнета од сличен научен труд претходно оваа година и наодите што откриваат дека хроничната употреба на канабис можеби е поврзана со понизок КАР.

актуелно Канабис кортизол научни сознанија Стрес
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.