Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинение за поранешен претседател на Кривичниот суд за злоупотреба на АКМИС-от
Хроника

Обвинение за поранешен претседател на Кривичниот суд за злоупотреба на АКМИС-от

јули 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопското Јавно обвинителство по прибирање на сите материјални и вербални докази, денеска поднесе обвинение против поранешниот претседател на Основниот кривичен суд – Скопје за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Обвинителството утврди дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје I Скопје, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. Притоа, обвинетиот потешко ги повредил правата на друг, постапувајќи спротивно на член 6 став 1 алинеја 3, 4 и 15 од Законот за управување со движење на предметите во судовите и на член 7 од Законот за судовите“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Иако, како што посочуваат од Обвинителството, бил должен да ја следи состојбата на управувањето со движењето на предметите во судот, а особено формирањето на предметите, предавањето на предметите во работа и состојбите со функционирањето на автоматизираниот информатички систем за управување со судските предмети, обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

Имено, обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот.

Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети
потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот заштитата на нивните права и правно заснованите интереси.

„Во текот на временскиот период кој е детално истражен од страна на надлежниот обвинител, беше констатирано дека со давање на писмен „параф“, обвинетиот наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од Основните судови Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и
корупција и на две обвиненија поднесени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје кој постапува во предметот, ги презел потребните дејствија за расчистување на предметот и утврдување на фактите во врска со злоупотребата на системот за електронско распределување на предметите – АКМИС.

По приемот на Извештајот од извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите, доставен преку Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 29
јануари 2018 година, на 5 февруари 2018 беше поднесено барање за декласификација на извештајот до Министерството за правда.

Одговорот за декласификација на извештајот од Министерствтоо за правда пристигна
на 22 февруари 2018 година, по што интензивно се преземаа истражни дејствија во предметот.

Во рамки на предистражната постапка, Обвинителството испитало 19 лица во својство на сведоци и тоа вработени во Основниот кривичен суд – Скопје, Апелацискиот суд Скопје, Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерството за правда.

„Поради потребите во предметот, двајца јавни обвинители во текот на три недели континуирано вршеа увид во предмети во Основниот кривичен суд – Скопје при што е прегледана обемна судска документација. Се обезбедуваа податоци од Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија,
Апелациониот суд Скопје и Основниот кривичен суд – Скопје. Беше изготвен вешт наод и мислење од доктор на технички науки во поглед на функционирањето на системот за електронско распределување на предметите, кое вештачење, побарано со наредба од Основното јавно обвинителство Скопје на 21 декември 2018 година, беше доставено до Обвинителството на 24 јуни 2019 година“, стои во соопштението.

Од сите обезбедени материјални и вербални докази во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје, како што посочуваат, нашло дејствија со кои од кривично правен аспект се исполнети битните елементи на наведеното кривично дело од само едно лице – сега обвинетиот поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

„Согласно Законот за судовите, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за управување со движење на предметите во судовите постојат законски можности Судскиот совет на Република Северна Македонија доколку во рамките на своите надлежности најде пропусти за други претседатели на судовите или судии може да поведе постапка за нив, согласно законските одредби“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

 

актуелно злоупотреба обвинение поранешен претседател на Кривичниот суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.