Доживотните затворски казни за обвинетите во случајот „Монструм“ се на јавна седница пред врховните судии. Одбраната тврди дека осудените се невини.
Јавниот обвинител Лилјана Спасовска побара укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот на повторно одлучување.
Барањето на јавниот обвинител кое беше проследено со аплауз е поради неутврдена фактичка состојба, но и поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.
Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро, кое се случи на 12 април 2012 година.







