Услугите на регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти.
Терминот ќе се закажува преку инфо центарот на УЈП на телефонот или или преку веб страницата на контакт центарот.
Од Управата за јавни приходи информираат дека овој нов начин се воведува со цел подобрување на даночните услуги, намалување на времето на чекање и на метежите на даночните шалтери, навремена услуга и точен одговор за даночните обврзници.
Доколку даночните обврзници не се во можност да присуствуваат на закажаниот термин, ќе треба да ја откажат средбата или да презакажат друг термин.







