Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОД ЗАТВОРЕНИК ДО ПРЕТСЕДАТЕЛ: Лула да Силва по трет пат е на чело на Бразил
СВЕТ

ОД ЗАТВОРЕНИК ДО ПРЕТСЕДАТЕЛ: Лула да Силва по трет пат е на чело на Бразил

ноември 1, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Беше претседател на државата, потоа затвореник, а сега е повторно на кормилото. Луис Инасио Лула да Силва (77), кому во биографија му стои „чистач на чевли“ и „уличен продавач“, како и дека двапати ја извршувал највисоката функција во Бразил, по трет пат е избран да ја води оваа латиноамериканска земја.

Човекот кој до пред три години одлежа 12 години затвор за корупција, сега повторно е претседател.

Да Силва тесно победи на изборите во Бразил изминатиов викенд со освоени 50,9 отсто од гласачкото тело, наспроти 49,1 проценти колку што инкасираше досегашниот десничарски кандидат, Жаир Болсонаро.

Во текот на својот прв мандат, од 2002 година, Да Силва се залагаше за драстична реформа на општеството, а потоа ја „спушти топката“, што ги разочара неговите соборци. Сепак, неговите социјални програми за искоренување на гладтта ​​и финансиската помош за семејствата кои уредно ги школуваат и вакцинираат своите деца, го запишаа во аналите на националната историја. Таму, меѓу другото, пишува и дека, за време на неговото прво претседателствување, бројот на сиромашни во Бразил е намален за 27,7 отсто.

Роден како седмо од осумте деца во сиромашно работничко семејство во сојузната држава Пернамбуко, научил да пишува на десетгодишна возраст и го напуштил училиштето. Во 1975 година станал претседател на Синдикатот на металците во околината на Сао Паоло, а пет години подоцна, заедно со група интелектуалци и синдикални работници ја основал Работничката партија. Оваа левичарска партија функционираше во услови на воена диктатура.

На Да Силва ќе му биде исклучително тешко да ги повтори претходните успеси, бидејќи политичката и економската ситуација драстично се променија. Растот на Бразил во првите два мандата на Да Силва беше поттикнат од зголемената глобална побарувачка за стоки како што се сојата и железото, како и од откривањето на најголемите резерви на нафта во историјата на земјата. Денес, Бразил, како и голем дел од остатокот од светот, се обидува да се извлече од економската бездна после пандемијата, борејќи се со инфлацијата и зголемените цени на горивото.

Државата, освен тоа, никогаш не била подлабоко поделена. Поларизацијата почна да пушта корени по судењето на Да Силва, во кое тој беше обвинет за корупција, како и по импичментот на неговата наследничка Дилма Русеф.

Левицата ја обвинува десницата за манипулирање со судството, а приврзаниците на Болсонаро го обвинуваат Да Силва дека е „крадец кој ги украл изборите“.

„Ќе владеам во името на 215 милиони Бразилци, не само за оние кои гласаа за мене. Нема, не постојат два Бразила. Ние сме една земја, еден народ, една голема нација“, порача Да Силва, кој на постизборниот митинг во Сао Паоло пристигна мавтајќи од покривот на својот автомобил, додека воодушевени поддржувачи го чекаа, извикувајќи слогани за поддршка.

„Досега Болсонаро не ми се јави да ја признае мојата победа и не знам дали ќе ја потврди.“

Да Силва доби честитки од највисоките државници од целиот свет, вклучувајќи ги американскиот, рускиот и кинескиот претседател, Џозеф Бајден, Владимир Путин и Кси Џинпинг. Неговата изборна победа ја поздравија и високите претставници на Европската унија.

 

Говедско месо и за просечните луѓе

За враќањето на власт, Лула да Силва може да им заблагодари на неговата борбеност и популистички шарм, но и на се поголемата загриженост на граѓаните заради нееднаквоста.

Кога се чинеше дека неговата политичка кариера е готова, тој беше ослободен од затвор во 2019 година затоа што „судијата што претседавал со судењето бил пристрасен“.

Успешно го искористи копнежот на Бразилците за просперитетните денови, кога земјата, до тогаш 13-та година, стана седма најголема економија во светот и кога, како што често истакнуваше во предизборната кампања, просечните луѓе можеа да си дозволат говедско месо.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно Бразил Лула да Силва Претседател Синдикат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.