Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76 отсто имале хронични болести, најголем број се на возраст над 60 години
Во Фокусот

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76 отсто имале хронични болести, најголем број се на возраст над 60 години

јуни 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Согласно податоците од историјата на болеста, огромен процент од починатите од коронавирус се пациенти кои имаат претходни хронични заболувања.

Според денешната статистика, од 193 починати лица, најголем дел се на возраст над 60 години, а кај 76 отсто се регистрирани бројни коморбидитети, како што се хронични болести, болести на кардиоваскуларниот систем, белите дробови и шеќерна болест.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, регистрирани 103 нови случаи, и тоа во Скопје 46, Куманово 6, Прилеп 2, Тетово 17, Струга 9, Велес 3, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар, Струмица и Свети Николе по 1 и во Ресен 6 пациенти.

„Регистрирани се 13 оздравени пациенти и тоа во Скопје 10, Прилеп 2 и Тетово 1. Починати се пет лица, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Тетово. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата е 4.157, оздравени 1.723, починати 193 и во моментот активни случаи 2.241. Вкупно се направени 43.881 тестирање за Ковид-19“, рече Филипче.

Во однос на состојбата во болниците, потенцира министерот, во овој момент се хоспитализирани 318 пациенти.

Посочи дека на Инфективната клиника се хоспитализирани 95 пациенти, од кои 37 се на кислородна поддршка, нема пациенти кои се на механичка вентилација.

„Во однос на потребата за зголемување на капацитетите, во изминатите два месеци интензивно работевме на дополнителниот капацитет, тоа е монтажната болница. Таа е целосно подготвена и е достапна за лекување на пациенти со Ковид-19. Утрово разговаравме и со директорката се направи план за ротација на лекари, лекарскиот кадар. Тоа е болница што има површина од 1.000 метри квадратни и се сместени 70-тина кревети, со тријажен центар, значи за прием за хоспитален дел, односно за хоспитализација, прием на пациенти и секако амбулантски дел“, додаде Филипче.

актуелно Ковид-19 хронични болести
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.