Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одговореност и соработка за законот за ЈО бара Владата
Македонија

Одговореност и соработка за законот за ЈО бара Владата

јануари 20, 2020Updated:јануари 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Одговорност и соработка на политичките субјекти за законот за јавно обвинителство вчера побара премиерот во техничката Влада Оливер Спасовски. Ги повика партиите да бидат на висина на задачата бидејќи се работи за прашање од висок државен интерес. Од СДСМ и вчера со став дека има можност да се донесе законот до распуштање на Парламентот, а доколку е потребно и да се одржи лидерска средба. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат прво усогласување на ставовите на работните групи, а потоа, ако е потребно, лидерска средба.

Ставовите околу овој закон за кој веќе подолг временски период нема усогласеност вчера ги изнесоа првите луѓе на Владата и на двете најголеми македонски партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Спасовски од Кочани порача дека е неопходна соработка на сите вклучени страни во процесот.

„Да разговараме и да изнајдеме решение со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, рече Спасовски.

Лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев останува оптимист дека Парламентот ќе ги донесе до 12 следниот месец сите неопходни законски решенија, меѓу кои и законот за јавното обвинителство за кој е неопходно двотретинско мнозинство.

Останува на ставот да присуствува на лидерска средба доколку се наметне потреба за тоа.

„Тука сум на располагање да разговарам со сите за да изнајдеме решение.

Сега сме растеретени затоа што предметите од СЈО се обезбедени, се во судска постапка под контрола на државниот јавен обвинител. Вака растеретени можеме во Парламентот да договориме структурно, суштинско решение за јавното обвнителство што би било поддржано од сите, изјави Заев, додавајќи дека верува оти ќе се најде двотретинско мнозинство.

Лидерската средба, ако има потреба од неа, според Заев, треба да се одржи поскоро бидејќи потоа би следувале процедурите во Парламентот, комисиска расправа, пленарна седница….

„На крајот на денот не се прашуваат само Заев и Мицкоски, тука и другите политички партии, независната пратеничка група, за да може сите да дадат свои сугестии за едно вакво суштинско, структурално решение, вели Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицковски пак смета дека прво треба да се усогласат ставовите на работните групи, а дури потоа да се одржи лидерска средба.

„Ова што е предложено од СДСМ е закон што треба во иднина да ги штити криминалните структури на СДСМ што после 12 април ќе заминат во опозиција. Така што ако треба да се одржи средба само ради реда, немам намера да го губам времето. Тука се работните групи, во неделата што следи претпоставувам дека ќе имаат состанок и доколку ги приближат ставовите тогаш можеме да зборуваме за одржување лидерска средба, изјави вчера Мицкоски.

Законот за јавно обвинителство остана камен на сопнување меѓу власта и опозицијата. Подолг временски период не постои усогласеност меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Работните групи од двете партии неколкупати се обидуваа да ги доближат ставовите, но неуспешно. По доаѓањето на еврокомесарот Оливер Вархеј минатата недела и неговото уверување дека сегашниот парламентарен состав ќе му даде приоритет на овој закон, повторно се актуелизира ова прашање.

актуелно влада јо одговорност соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.