Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против Ковид 19 на компанијата „Модерна“.
После одобрувањето кое го издала ЕМА, конечната одлука ќе ја донесе Европската комисија. Се очекува таа да биде донесена во најкус можен рок.
Во Европската унија претходно одобрение за користење добија вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Од ЕМА информираат дека вакцината на „Модерна“ се дава во две дози во период од 28 дена и дека денеска издале препорака за давање на условно одобрување за пуштање во промет на новата вакцина за спречување на вирусот кај луѓе постари од 18 години.
Вакцината покажала успешност од 94,1 отсто и стана втората Ковид 19 вакцина која ЕМА ја препорачува за употреба на просторот на ЕУ.
„Оваа вакцина ни пружа уште една алатка за надминување на моментната вонредна состојба“, рече извршниот директор на ЕМА, Емер Кук.
Во соопштението на ЕМА се наведува дека Комитетот за хумани лекови „темелно ги проценил податоците за квалитетот, безбедноста и ефикасноста на вакцината и со консензус препорача формално условно одобрување за пуштање во промет“.
Ефикасноста на вакцината пресметана е за околу 28.000 луѓе од 18 до 94 години кои немале знаци на претходна инфекција и покажува намалување на бројот на симптоматски случаи на Ковид 19 за 94,1 отсто кај луѓе кои ја примиле.
Само 11 од 14.134 вакцинирани лица добиле Ковид 19 со симптоми, во споредба со луѓето кои примиле лажни инекции – 185 од 14.073.
истражувањето покажува и ефикасност на вакцината од 90,9 отсто кај учесници со ризик од сериозен Ковид 19, вклучувајќи ги и оние со хронични болести на гради, срцеви заболувања, гојазност, болести на јетра, дијабетис или ХИВ инфекција.
Високата ефикасност се одржувала меѓу различни полови и расни и етнички групи.







