Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Околу 190 илјади луѓе во Македонија имаат дијабетес
Во Фокусот

Околу 190 илјади луѓе во Македонија имаат дијабетес

ноември 15, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Македонија околу 190.000 луѓе имаат дијабетес од кои 40.000 се на инсулинска терапија, а останатите 150.000 се на таблетарна терапија. Бројот на пациенти е во постојан подем.

Ова денеска го истакна претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари во Македонија, Бојан Киров на одбележувањето на 14 ноември, Светски ден на дијабетесот. Посочи дека од заболените, дијабетес тип 1 имаат 4.500 до 5.000 лица а останатите имаат дијабетес тип 2.

„Има пораст на бројот на деца кои имаат дијабетес и секој месец има едно до две. Треба да се земат предвид многу фактори значи квалитетот на живот, здравите навики…додаде Киров.

Директорката на Клиниката за ендокринологија, Саша Јовановска Мишевска рече дека бројот на пациенти со дијабетес расте секојдневно и ако во 2015 година имало околу 415 милиони заболени на глобално ниво, предвидувањата се дека до 2040 година тој број ќе достигне 600 милиони.

„Овие фрапантни бројки претставуваат предизвик за целиот здравствен систем. Потребно е да работиме многу повеќе на воведување мерки за превенција на шеќерната болест, тоа се пред се мерки за здрава исхрана, за поголема физичка активност и мерки кои ќе помогнат да се зачува здравјето на пациентите со дијабетес, рече Јовановска Мишевска.

Таа истакна дека мотото на Светски ден на дијабетесот е „Жените и дијабетесот – нашето право на здрава иднина“, односно како да се подобри здравјето кај жените во репродуктивниот период, а проблемот со кој најчесто се соочуваат кога се бремени е дијабетесот.

„Имаме пациентки кои сакаат да забременат, а имаат дијабетес и за нив е неопходно да се воведе правовремена, предконцепциска грижа пред забременување, а на оние пациентки кај кои во текот на бременоста ќе им се дијагностицира дијабетес треба да примаат терапија, потенцира Јовановска Мишевска.

Додаде дека според статистичките податици, 70 до 85 проценти од пациентките кои имаат дијабетес дијагностициран за време на бременоста можат само со промени во начинот на исхрана, во животниот стил да постигнат оптимална контрола на шеќерот која е неопходна за правилен раст и развој на плодот.

Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски рече дека ќе се заложи да се надминат сите дилеми кои во изминатиот период преовладуваа во јавноста дека дијабетичарите користат неквалитетен инсулин.

„Ќе се погрижиме во иднина да добиваат редовно инсулин и квалитетен инсулин. Не дека немало проблем, дека не се протнувале и неквалитетни инсулини, меѓутоа во иднина се надевам дека тоа нема повеќе да се случува, додаде Чакаровски.

14 ноември актуелно дијабетис здравство исхрана светски ден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.