Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Орбан: Неприфатливо е туѓо мешање во македонските работи
Македонија

Орбан: Неприфатливо е туѓо мешање во македонските работи

март 20, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За Унгарија неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија. Нови предвремени избори се единствено исправно решение за излез од политичката криза во Република Македонија, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на средбата со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Будимпешта.

На средбата, Иванов изрази благодарност за севкупната поддршка што Република Македонија ја добива од Унгарија во однос на нашето уставно име, за предизвиците од илегалната миграција, како и за унгарската иницијатива за осуда на Тиранската платформа на последниот состанок на Европскиот совет.

Воедно, македонскиот претседател го запозна својот соговорник со актуелните состојби и за можните решенија за излез од кризата и ги повтори добро познатите ставови – или да се отстранат пречките за мандат или да се одржат нови избори.

Орбан нагласи дека Унгарија има цврст став против Тиранската платформа и додаде дека стабилноста на ЕУ е невозможна без стабилноста на Република Македонија.

„Македонија ја има и ќе продолжи да ја има поддршката од Унгарија“, рече унгарскиот премиер, запознавајќи го претседателот Иванов за неговиот став на Европскиот совет и немањето консензус во однос на прашањето за предизвиците со кои се соочува нашата држава.

Орбан нагласи дека ЕУ имаше погрешен пристап кон Република Македонија и додаде дека нашата држава одамна требаше да биде членка на ЕУ и НАТО.

На средбата е договорено да продолжи соработката и комуникацијата на сите нивоа и по сите прашања од заемен интерес. Се разговараше и за мигрантската криза и беше договорено одличната соработка да продолжи и во наредниот период.

Претседателот Иванов денеска оствари средба и со претседателот на Унгарија, Јанош Адер и со претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер.

Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.