Кривичниот суд им изрече ослободитена пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион“ за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата.
Ослободени од обвинени се Миќо Насковски, Марјан Маџовски и Горан Стојков, Ѓорги Хаџимицев и Цветан Дамјановски.
Петтемина одговараа за измамa, уцена, за злосторничко здружување или за незаконско поседување на оружје.
Судијата Владимир Туфегџиќ двасетина минути ја обрзложуваше пресудата.
Повторена постапка се водеше и против Марјан Ефремов но, во декември минатата година судот истата ја раздвои затоа што тој не се појави на рочиштето, а за тоа Ефремов и неговиот адвокат не доставиле медицинска документација, со која ќе го оправдаат отсуството.
Во предметот „Шпион“, со првостепената пресуда деветнаесет лица беа прогласени за виновни. Највисока 15-гошишна затворска казна доби Марјан Ефремов, кој според Обвинителството бил „мозокот“ на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Останатите затворски казни се движат од една до девет години, а изречена беше и една условна казна.







