– Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета наРепублика Полска, а централна тема на средбите што ќе ги има ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија и полската поддршка во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот
на ЕУ во октомври.
Во рамки на посетата на Варшава, Османи ќе се сретне со државниотсекретар за европски прашања во Министерството за надворешни работина Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со шефот на полскатадипломатија Јацек Чапутович.
Посетата на Варшава, како што соопштуваат од СЕП, е дел од европскататурнеја на вицепремиерот Османи за посета на европските метрополи, аво пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.
Османи вчера беше во посета на СР Германија, каде што од државниот министер за Европа и претставник на Германија во ЕУ, Михаел Рот, доби потврда дека германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на Северна Македонија и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите за старт на пристапните преговори во октомври.







