Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Направивме големи чекори кон стратешката цел
Политика

Османи: Направивме големи чекори кон стратешката цел

јуни 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Северна Македонија направи големи чекори кон стратешката цел. Земјата ја покажа својата решителност да ја унапреди реформската агенда на ЕУ и има испорачано конкретни и одржливи резултати“, оцени вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на
крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје.

Се што добивме, се што постигнавме, вклучувајќи ја и овогодишната чиста препорака на Комисијата за почеток на преговорите, како што потенцира Османи, не е подарок, моравме да го заслужиме секој збор во овој Извештај и да убедиме многу експерти од Комисијата.

Вицепремиерот оцени дека 2019 е клучна година за ЕУ, измерено со сите параметри, а клучна е, наведе, и за сите нас, за сите земји од Западен Балкан.

„Историскиот успех од 2018 ја подготви сцената за уште поуспешена 2019 година. Со финализирање на членството во НАТО и отпочнување на пристапните преговори и по скоро 28 години независност конечно е возможно исполнување на стратешките цели“, рече Османи.

Тој оцени дека проширувањето на Европската Унија како процес на градењето на мирот претставува успешен проект.

Предизвикот сега, посочи, е како да се оди напред, во услови на нови економски,
технолошки, демографски и безбедносни предизвици во еден променлив геополитички контекст.

ЕУ, рече Османи, се наоѓа пред своите предизвици, а самиот исход на изборите за Европскиот Парламенет создадоа посложена политичка перспектива. Процесот на назначување нов сет на лидери во сите институционални структури, само што започна, со сите непредвидливости во него.

Брегзит ќе има неизбежно влијание, големо влијание, особено при немање договор, а тоа ќе ја отежнува и новата финансиска перспектива.

„Ставот на Комисијата по однос на напредокот на регионот во процесот на интеграцијата, на објективен начин го одразува она што го направиме и постигнавме. Оценката на Комисијата е дека Северна Македонија и Албанија ја прифатија шанската и ги испорачаа реформите. Црна Гора и Србија треба да дејствуваат со голема решителност да ги зголемат нивните напори во критичните области. Босна и Херцеговина се соочува со многу структирни предизвици, а Косово треба да го стави политичкиот фокус на напредокот кон својот европски пат. За Комисијата Турција останува клучен партнер на ЕУ во неколку области од заеднички интерес“, нагласи
Османи.

По неколку децениски конфликти регионот повторно е стабилен и владее мир, а наша задача, потенцираше, е да направиме мирот и стабилноста да останат одржливи.

Интеграција преку почитување на различноста ја претставува основата за одржлив мир и просперитет.

Помирувањето и градењето доверба се предуслови за успешна интеграција, а интеграција што обезбедува економски просперитет и гаранција за одржлив мир.

Претходно на конференцијата се обрати претседателот Стево Пендаровски, кој потенцираше дека од ЕУ очекува неодложно да го одредат датумот за да почнеме преговори за членство и оти унијата,  треба да остане доследна на високите очекувања што ги создаде кај граѓаните.

„Доколку на Северна Македонија и на Албанија не им се даде датум за преговори за членство, а на Босна и Херцеговина позитивно мислење за поднесеното барање за членство, наместо суштински напредок во регионот ќе има разочарување. Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел. Да им го даде на нашите граѓани заслужениот датум за
отпочнување на пристапните преговори. Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира гражаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион“, рече претседателот Пендаровски.

актуелно Бујар Османи ЕУ конференција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.