Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Португалскиот предлог е креативно решение
Македонија

Османи: Португалскиот предлог е креативно решение

мај 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Португалскиот предлог е креативно решение коешто ги адресира сензитивностите на сите три страни, нашата позиција, бугарската и на земјите-членки на Европската унија, бидејќи очигледно и членките на Унијата имаат став по однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес. Тоа што ќе се постави како модел со нас, утре ќе направи преседан и за другите земји во регионот, кандидати за членство во ЕУ. Тоа може да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот и оттука е интересот на земјите-членки, можеби не само заради нас, туку и заради самиот процес, да го заштитат“, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој, на денешната прес-конференција, на која го презентираше проектот МКарта, околу тековните контакти со Бугарија, рече дека мисли оти главна тема не се идентитетските прашања, туку е патоказот којшто ќе содаде предвидливост во имплеметацијата за Договорот за пријателство.

„Патоказот е за нас прифатливо решение кое што ќе ја создаде таа предвидливост. Сме го разговарале тој акциски план во неколку наврати во делот на секторската соработка, меѓутоа мислам дека е повеќе обврска на земјите-членки да кажат каде ќе биде ставен тој патоказ и дали ќе го заштитат европскиот процес како таков, отколку што е само наша обврска. Така што, тој дел од бремето мислам дека паѓа на земјите-членки, а наше е да работиме планот да се дефинира што побрзо“, рече Османи.

Тој наведе дека има две недели до можноста за успешно финализирање на овој процес.

„Советот за општи работи е на 22 јуни, меѓутоа имајте предвид дека подготвителните состаноци почннуваат неколку дена порано. Така што, тоа го скратува уште повеќе прозорецот на можности за изнаоѓање на решенија. Без да бидам прецизен во датуми јас очекувам во наредните денови да има таква средба и на ниво на премиери и на ниво на министри со цел да се договори една динамика да може да се адресираат прашањата коишто ја засегаат бугарската страна, а се во рамки и на предлогот на Португалското претседателство“, посочи Османи.

Министерот за надворешни работи истакна дека останува на ставот дека во јуни ќе биде клучно, независно што, како што рече, не сакам да ги подигнам очекувањата на граѓаните.

„Тоа е комплексен процес којшто не зависи веќе од нас. Нашето е до исполнување на критериумите. Критериумите се исполнети, сега очигледно процесот зависи од многу динамики во земјите-членки. Но, нашиот ментален пристап, нашиот работен пристап е да работиме за јуни како да е единствена шанса за изнаоѓање на решение. Овие две недели ќе имаме контакти на политичко ниво, потоа на дипломатско ниво, да се обидеме да ги адресираме прашањата коишто се појавија како пречка во овој период“, образложи Османи.

 

 

(Фото: МИА)

 

 

актуелно бугарија Бујар Османи Договор соработка унија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.