Пратеникот на СДСМ од собраниската говорница рече дека сака да го види Никола Груевски во затвор. Но дека многу повеќе сака судот да го прогласи неговотото владеење за криминално.
Павле Богоевски на собраниската говорница се појави во блуза со логото на Шарената револуција.
Новата Влада ќе гради Македонија каде што нема да има наши и ваши, вмровци, соросоиди и комуњари. Ми пречи вашиот криминал, вашите лоши политики, уништените здравство, младите, медиуми, но најмногу ме боли што го присвоивите нашиот, мојот македонски идентитет, го изедначивте со ВМРО-ДПМНЕ, ме боли што луѓе завиткани во македонско знаме влегоа да убиваат пратеници кои ги избрал тој народ – рече пратеникот.
Зборувајќи за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, Богоевски рече: И затоа ви дојде крајот, и тоа… каков крај – рече Богоевски.
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше дека ВМРО е константа сусптанца, која никогаш нема крај.







