Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски и Силјановска во „мртва трка“, победникот ќе се знае на 5 мај
Во Фокусот

Пендаровски и Силјановска во „мртва трка“, победникот ќе се знае на 5 мај

април 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Новиот претседател на Република Северна Македонија ќе се избира во вториот круг, бидејќи ниту еден од тројцата кандидати на вчерашното гласање не освои мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК) од обработени 99,96 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,85 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,24 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,57 отсто од гласовите. За Пендаровски гласале 323.846 граѓани, за Силјановска
Давкова 319.240, а за Река 79.915 граѓани. Неважечки се 32.828 ливчиња. Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесува 41,82 отсто или на гласање излегле 755.816 граѓани.

Вториот круг на гласањето ќе се одржи на 5 мај, а во него ќе се соочат двајцата првопласирани на вчерашните избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. За некој од двајцата кандидати да ја добие функцијата претседател на државата неопходно ќе биде на гласање да излезат најмалку 40 отсто од вкупно 1.808.131 избирач кои се запишани во избирачкиот список, односно 723.253 гласачи. Доколку се исполни цензусот ќе победи тој што ќе добие повеќе гласови.

Во спротивно ќе треба да се прогласат нови претседателски избори.

Кандидатот Пендаровски по завршувањето на изборниот процес порача дека секој треба да учествува во позитивните промени.

„Концептот заедно ќе победи во вториот круг од претседателските избори на 5 мај. Јасно е, мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми, други… се изјаснија дека сакаат Напред. Тоа е другиот дел од успешниот концепт за сите нас и за нашата држава.

Подавам рака кон сите. Ќе бидам европски претседател на сите граѓани, во европска Република Северна Македонија, рече Пендаровски.

Денешното гласање, оцени, помина во демократски дух. Очекувам така и да продолжиме и на 5 мај да ги финишираме овие избори.

Неговиот противкандидат во вториот круг Силјановска Давкова посочи дека легитимитетот на власта извира од народот, а оваа власт, како што кажа, го потроши за 2,5 години и затоа се неопходни предвремени парламентарни избори.

„Не сум човек кој посакува или потонува во триумфализам. Знам дека допрва следи битката, но мислам ако ние добивме олкав број на гласови иако на нив ги додадеме оние на господинот Блерим Река како независен кандидат поддржан од две партии, приказната е јасна. Обајцата ние зборувавме за владеење на правото, за правна држава, за крај на корупцијата и криминалот. Приказната е демократска и приказната е европска. И само со таква приказна ние може да добиеме почеток на
преговори, и само со реализација на таквата приказна ние можеме да добиеме почеток на преговори, да зачекориме кон ЕУ, во спротивно ќе останеме закопани во транзицијата, рече Силјановска.

Кандидатот Река изборите ги оцени како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список кој брои околу 1,8 милиони гласачи иако, како што кажа, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу 1,5 милиони.

„Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања. Во сите општини со доминантно албанско гласање победив со размер од 3:1, а освоив гласови и во сите општини каде има македонско мнозинство. Нема општина со македонско мнозинство гласачи каде што не добив гласови.

Освоените гласови ја делегитимираат политиката на албанските партии кои се во власта и покажаа со кого и за кого е народот. Тоа најавува политичка пролет во Македонија која ќе се цементира во идните предвремени парламентарни избори, потенцира Река.

актуелно мртва трка пендаровски силјановска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.