Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски претстави осум проекти кои ќе ги почне во првите осум месеци од функцијата
Македонија

Пендаровски претстави осум проекти кои ќе ги почне во првите осум месеци од функцијата

април 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска претстави осум проекти кои ќе почне да ги реализира во првите осум месеци од преземањето на претседателската функција, а кои, како што нагласи, ги отсликуваат неговите клучни заложби и столбови на програмата.

Првиот ќе биде да организира форум за натпартиски политички дијалог.

„По долги години конфликти и поделби на Македонија и е потребен меѓупартиски дијалог за најважните прашања за граѓаните. Претседателот треба да биде глас на разумот, баланс меѓу политичките партии, изјави денеска Пендаровски, додавајќи оти токму тоа е целта на овој форум, во кој ќе бидат вклучени и академската и стручната јавност, бизнис заедницата, синдикатите и граѓанските организации.

Директни средби со граѓаните, со однапред утврден годишен календар на средби, претседателски центар за континуирано политичко образование, кое ќе се разликува од досегашната школа за млади лидери на Ѓорге Иванов, фонд за стипендирање студенти истражувачи, годишна конференција за научен и технолошки напредок, како една од неговите главни заложби, волонтирање за солидарно општество, жени во политиката и претседател на сите граѓани, се проектите на кои ќе се фокусира Пендаровски.

Информира дека ќе назначи посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката, а во неговиот кабинет ќе подготви стратегија за поттикнување на учеството на жените во политиката. Тој нагласи дека ќе ги поддржи заложбите за задолжително учество најмалку 50 проценти жени на изборните листи и за парламентарните и за локалните избори.

Кабинетот на претседателот, истакна Пендаровски, ќе го отсликува мултикултурниот карактер на нашето општество.

„Ќе бидам претседател на сите граѓани, а тоа прво ќе го докажам во мојот Кабинет. Во кабинетот на Претседателот ќе има претставници од сите етнички заедници, избрани според нивната компетентност и професиналност, рече Пендаровски.

Прашан како го оценува досегашниот тек на предизборната кампања, Пендаровски подвлече дека заега е задоволен од нивото на коректност од самите кандидати во односот еден кон друг. Во однос на политичката понуда, меѓу другото нагласи дека неговата понуда е супериорна во однос на сите битни точки за Република Северна Македонија, почнувајќи од внатрешната кохезија, па се до интеграциите кои се клучен проект без кои земјава не може да напредува.

Според него, крајно време е и во кампањите за претседател да се влегува со конкретни рокови и ако не се почитуваат тие рокови, потенцира, политичката одговорност не е само на следните избори, постои и морална одговорност пред некои следни избори.

„Оној што ветува, плус со рокови, не ги почитува, а самиот си ги задал пред целата македонска јавност, мислам дека треба да си замине од таа функција, изјави Пендаровски.

актуелно проекти функција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.