Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски се сретна со НАТО-генералот Каволи
Македонија

Пендаровски се сретна со НАТО-генералот Каволи

мај 25, 2021Updated:мај 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Копнените сили на САД за Европа и Африка генерал Кристофер Каволи.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, беше изразено задоволство од севкупна билатерална соработка меѓу државава и САД, особено во сферата на одбраната.

Претседателот Пендаровски истакна дека САД се клучен сојузник и поддржувач на нашата држава од нејзината независност и дека Северна Македонија особено ги цени односите со САД, како нејзин стратешки партнер. Членството во НАТО, истакна претседателот Пендаровски, дава дополнителна можност за зајакнување на партнерството.

Пендаровски посочи на долгогодишната посветеност на земјава и нејзината Армија, преку континуирана соработка со САД да дава придонес во меѓународните мировни операции, вклучувајќи ги реализираните мисии во Ирак и во Авганистан.

На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупниот  придонес на САД во модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и во обука и едукација на нејзините припадници.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше своите заложби за континуирано зголемување на буџетот во одбраната, до исполнување за зацртаната цел до 2024 година – најмалку 2 отсто од БДП да се инвестираат во модернизацијата и развојот на Армијата.

Пред соговорникот претседателот Пендаровски презентираше дел од постигнатите достигнувања и развојот на воените способности на Армијата, согласно потребите што произлегуваат од членството во НАТО.

На средбата, како што се наведува, беа разменети информации за текот на мултинационалната вежба „Одлучен удар 21”, што се одржува на армискиот полигон „Криволак“.

Претседателот Пендаровски истакна дека со реализацијата на вежбата Армијата уште еднаш ја докажува својата подготвеност да дејствува координирано со нашите сојузници.

актуелно Африка Европа командат копнени сили пендаровски САД средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.