Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми

ноември 19, 2026

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки

ноември 19, 2026

Најава за истрага против семејството Трамп

ноември 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
  • Најава за истрага против семејството Трамп
  • СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните
  • ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”
  • Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петровска: „Нападите за изгледот и облеката, нема да ме запрат!“
Македонија

Петровска: „Нападите за изгледот и облеката, нема да ме запрат!“

септември 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„За овие 30 години независност, многу жени без оглед дали се од политичката сфера или од некој друг дел од општественото живеење покажаа дека имаат доволно квалитети успешно да работат на позициите кои ги имале и имаат“, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Денес професиите не ги делиме на машки и на женски, туку нас жените нè има во секоја професија затоа што сметаме дека имаме доволно капацитет и квалитети кои треба да ги покажеме и со кои што треба практично да помогнеме во општественото живеење, а со тоа да и помогнеме и на нашата држава“, истакна Петровска во денешното гостување во емисијата „Приказна“ на Македонската радио телевизија.

Жените, додаде, не биле само квота и бројка во општеството, туку давале реални и квалитетни резултати.

На прашањето дали општеството е подготвено за жена – премиерка или претседателка, Петровска подвлекува дека не станува збор за подготвеност, туку за тоа дали успешните жени се видливи пред јавноста.

„Убедена сум дека нашите граѓани одлуките на изборите без разлика дали се претседателски, парламентарни или локални, во иднина сè помалку ќе ги носат врз основа на тоа дали некој кандидат е жена или маж, туку дали ќе бидат уверени во неговите или нејзините квалитети“, смета Петровска.

Во однос на изложеноста на жените на сексизам и дискриминација, Петровска истакна дека таа појава сè уште постои и дека е потребна гласна осуда од целото општество, особено затоа што тоа може да доведе и до други несакани појави како психичко или физичко насилство.

„Јас бев предмет на напади и тоа во голем дел беа лични напади врз основа на мојот изглед, начинот на облекување. Тие веројатно имаа една единствена цел – а, тоа беше да ме демотивираат да продолжам по патот по кој сум започнала да одам. Како што гледате и после осум месеци од почетокот на тие напади, јас сè уште сум на истата позиција и не се колебам што сум тука. Им благодарам на сите добронамерни критичари и јавно и приватно кои ми даваат сугестии не само во поглед на моето однесување и облекување, меѓутоа и во поглед на работата, затоа што целта на секој од нас е да се стремиме да бидеме подобри во тоа што го работиме, а секогаш за добрите критики има доволно простор. Но, нападите ми беа изненадување затоа што на оваа позиција, очекував дека ќе дискутираме за критиките за начинот на кој што раководам со Министерството, за политиките кои ги водам и процесите кои се одвиваат, а не за нешто што јас лично го сметам за споредно“, вели Петровска.

Солидарноста помеѓу жените, посочува Петровска, беше видлива и многу важна зашто покажува дека жените и целото општество се обедини во осудата на овие лични напади.

„Општеството гледа што се случува и драго ми е што таквиот тип на реакција го гледам и понатаму, секогаш кога која било жена и во политиката и во јавноста ќе биде предмет на вакви лични напади, неосновани критики или омаловажување. Тоа значи дека ние жените знаеме да се обединиме и да си помагаме меѓу себе“, вели министерката Петровска.

актуелно дискриминација одбрана Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки

ноември 19, 2026

Најава за истрага против семејството Трамп

ноември 19, 2026

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните

ноември 19, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.