Министерството за труд и социјална политика информира дека, согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош.
Пари ќе биде исплатени на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош заради полесно справување со кризата.
Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3.000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото за социјална помош за месеците март, април и мај. За оваа цел одделени се скоро 40 милиони евра.
„За Владата и Министерството за труд и социјална политика грижата за граѓаните со фокус на ранливите категории останува приоритет“, се наведува, меѓу другото, во денешното соопштение на МТСП.







