Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » По три дена расправа заврши втората фаза од уставните измени
Македонија

По три дена расправа заврши втората фаза од уставните измени

декември 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По тридневна расправа во македонското Собрание беа утврдени Нацрт-амандманите со кои ќе се направат измени на Уставот согласно Договорот од Преспа. Со ова заврши и втората фаза од уставните измени.

По усвојувањето на нацрт-уставните амандмани во Собранието предлагачот на уставните измени односно Владата треба да организира јавна расправа од три дена, по што има два дена да подготви извештај и петтиот ден да го достави до Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандамните, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мнозинство. Со тоа се финализира постапката за уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

Од Владата велат дека се отворени за сугестии и бараат од сите пратеници да се вклучат во дебатите за амандманите. Премиерот Зоран Заев во саботата на почетокот на дебатата за Нацрт-амандманите рече дека останува отворен за инклузивен процес, додавајќи дека нацрт-амандманите се во согласност со меѓународното право и интересите на Македонија и нејзините перспективи во евроатланските интеграции. Повтори дека амандманите ќе бидат инкорпорирани во Уставот само доколку Грција ја изгласа Спогодбата и даде поддршка за Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО.

Расправата за Нацрт-амандманите помина во знакот на меѓусебните обвинувања на владејачките партии и опозицијата за тоа кој создал поделби во македонското општество, а беа изнесени и ставови „за“ и „против“ промената на името со цел членство во ЕУ и НАТО. Дел од албанските партии како БЕСА и Алијанса за Албанците побараа да се разговара за јазичната рамноправност бидејќи според нив отворањето на уставните измени се добар момент да се разговара за тоа.

Премиерот Заев вчера од Загреб изрази уверување дека процесот во Парламентот ќе заврши успешно што ќе овозможи брзо членство на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Верувам дека до крајот на јануари, Парламентот ќе даде поддршка на Договорот со Грција по што ќе следува и поддршката на Договорот и од страна на Грција, како и на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Веруваме дека Хрватска ќе биде една од првите земји што ќе го потпише Протколот за членство на Македонија во НАТо и дека Македонија ќе биде 30-тата земја членка на НАТО, рекол Заев на средбата со неговиот хрватски колега Андреј  Пленковиќ.

актуелно амандмани собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.