Личната потрошувачка во САД остана силна во јули, покажаа податоците на американското Министерство за трговија. Според истите тие податоци, продажбата на мало пораснала побрзо од очекуваното.
Сезонски прилагодената малопродажба во јули пораснала за 0,7 отсто на месечно ниво, значително над консензусот од 0,4 отсто.
Со исклучок на продажбата на автомобили, продажбата на мало се зголеми за 1 отсто, исто така над споменатиот консензус.
Двата податока покажаа најдобри месечни резултати од јануари годинава до сега, пишува „Моментум“.
Бидејќи податоците не во склад со инфлацијата, малопродажбата покажува дека просечниот потрошувач продолжил да троши над месечната стапка на инфлација од 0,2 отсто.
Онлајн трговците придонесоа за раст од 1,9 отсто, главно благодарение на „Прајм Деј“ (Prime Day) на Амазон, додека продавниците за спортска опрема и слични на нив продавници забележаа раст од 1,5 отсто, а кафулињата и рестораните од 1,4 отсто.
Од друга страна, продажбата на мебел е намалена за 1,8 отсто, а во продавниците за електроника и апарати за домаќинство за 1,3 отсто.
Бензинските пумпи забележаа раст на продажбата од само 0,4 отсто поради повисоките цени на горивата.
На годишно ниво, прометот во трговијата на мало бележи раст од 3,2 отсто, што е идентично со овомесечната инфлација.







