Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Повеќе земји членки на ЕУ за почеток на преговорите во јуни, Франција и Холандија сѐ уште резервирани
Македонија

Повеќе земји членки на ЕУ за почеток на преговорите во јуни, Франција и Холандија сѐ уште резервирани

март 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И покрај големата поддршка на бројни земји членки на ЕУ за почеток на преговори со нашата земја, во Франција, Холандија и други западноевропски земји сѐ уште постои отпор кон овој процес, изјави за МИА унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, по појадокот со Никола Димитров и Бујар Османи.

Запрашан дали сѐ уште Париз и Хаг покажуваат отпор за почеток на преговори, Сијарто рече: „Да, да, има голем отпор од западноевропските пријатели, тие не се толку чувствителни бидејќи се оддалечени од регионот“.

На појадокот организиран од романското претседателство и грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, заедно со министрите за надворешни работи на ЕУ, нивниот македонски колега Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, било искажано „огромно задоволство“ за решавањето на спорот за името и поддршка од повеќе земји членки за почеток на преговори, велат за МИА дипломатски извори.

Најсилната поддршка дошла од источноевропските земји, како и од Италија и Ирска Унгарија, истакна Сијарто, смета дека во јуни мора да се донесе одлуката за преговори со Македонија и дека земјата испратила во текот на февруари „свој искусен дипломат да работи за македонското министерство за надворешни работи“.

„Тој е таму да ја помага процедурата на интеграција и што и да ѝ биде потребно на Северна Македонија за да се забрза оваа процедура ние сме секогаш тука, рече унгарскиот министер за МИА.

Тој изрази жалење што Европската комисија оваа година подоцна ќе ги објавува извештаите за напредокот на земјите од регионот, односно по изборите за Европскиот парламент, на крајот на мај.

„Меѓутоа, ова не смее да биде причина да не се донесе одлуката за преговори на Советот во јуни, романското претседателство ја има нашата целосна поддршка да го стави прашањето на агенда во јуни на позитивен начин и да донесе одлука за почеток на преговори, вели Сијарто.

Од холандска страна стигнаа поумерени тонови.

Холандскиот министер Стеф Блок, кој исто така присуствуваше на појадокот, во изјава за МИА истакна дека неговата земја е фокусирана на тоа Македонија да приложи реформски резултати.

„Важно е Северна Македонија да продолжи да напредува, Холандија е строга и праведна во однос на примената на условите и мислиме дека е од најголема важност Северна Македонија да покаже јасни резултати, посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, оддаваме признание за решавањето на спорот за името, но тоа не го прави помалку потребно покажувањето напредок во другите области, рече Блок за МИА.

Освен донесувањето на реформите, земјите членки сакаат да видат и имплементација, потсети белгискиот министер Дидие Рејндерс.

„Најважно за нас ќе биде да го видиме извештајот на Европската комисија и да провериме дека се оди напред, спорот за името беше еден вид предуслов, и беше извонредно исполнет, сега сакаме законите да се изгласаат, но и да се спроведат, и знаеме дека спроведувањето е секогаш најкомплицираниот дел, рече Рејндерс за МИА.

За Белгија е од исклучителна важност секоја земја да се цени според сопствените заслуги и да нема „пакети на земји“.

„Без разлика кои земји ќе бидат на маса, ние ќе ги анализираме земја по земја, за Белгија барем нема никаква смисла да се нарушува процесот во кој било правец, заслугите мора да се гледаат индивидуално, додаде министерот.

Белгија меѓутоа не е меѓу најскептичните земји како Франција и Холандија, и смета дека вратите остануваат отворени, во НАТО и во ЕУ.

„Се надевам дека во следните месеци и до летото ќе можеме да отвориме еден пристапен процес, тоа е многу долг процес, дури и да го започнеме, процедурата ќе биде многу долга, поглавје по поглавје ќе треба да се одговара на европските барања, но навистина сме многу среќни што ја видовме таа упорност во решавањето на името и видовте дека вратите во НАТО се отворени, сега сме подготвени да ги отвориме во ЕУ ако се исполнат критериумите, изјави Дидие Рејндерс за МИА.

актуелно ЕУ земји Франција холандија членки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.