Лавата од вулканот Килауена на Хаваите досега униште повеќе од 100 домови на Големиот Остров.
Локалните власти веќе најавија дека ќе бидат отворени засолништа за жителите кои останале без покрив над главата.
Властите стравуваат дека штетите ќе бидат уште поголеми бидејќи на снимките од воздух, заради густиот дим, не може да се забележи точната слика на теренот.







