Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Полицијата ги растера демонстрантите од центарот на Белград
СВЕТ

Полицијата ги растера демонстрантите од центарот на Белград

јули 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полицијата во Белград успеа да ги растера утрово демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека повторно може да биде воведен полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус.

Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивил.

За попладнево е закажан нов протест.

Протестот почна со само неколку стотици учесници, и подоцна се собраа илјадници.

Дел од демонстрантите влегоа во зградата на Собранието, се случија инциденти и судири со полицијата.

Демонстрантите фрлаа со јајца, камења, пластични шишиња и факели
кон полицијата, десетици контејнери беа запалени, а според првите извештаи има и повредени од двете страни.

Откако полицијата доби засилување, ги растера демонстрантите со солзавец пред Собранието, а полициската коњаница и единицата со кучиња беа изнесени на улиците.

Локалните теллевизии во живо на емитуваа од напади врз полицијата, но и бруталност на полицијата во цивилна облека и апсењето и тепањето демонстранти.

Најмалку две полициски возила беа запалени.

Откако доби засилување, полицијата ги потисна демонстрантите од платото пред српскиот Парламент кон околните улици во околу два часот по полноќ.

Протестот почна пред 21 часот кога се собраа неколку стотици демонстранти, на кои им се придружија неколку илјади по повикот на
социјалните мрежи, а група демонстранти ја пробија вратата и влегоа во
зградата на Парламент.

Пратеникот во српскиот Парламент, Ѓорѓе Вукадиновиќ, рече дека „таква, непотребна, бруталност на полицијата и толку многу солзавец не е регистрирано од 5 октомври 2000 година“ кога режимот на Слободан Милошевиќ беше соборен со протести.

Полицијата доби дополнително засилување околу два часот по полноќ со што успеа да ги растера демонстрантите.

Директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, рече утрово дека полицијата ја „контролира ситуацијата“ пред српскиот Парламент.

„За првпат во Белград од почетокот на мај ќе биде воведен полициски
час“, најави Вучиќ.

Тој истакна дека „сите болници во (српскиот главен град) се речиси полни.

Особено во Белград ситуацијата е критична, бројките (таму) се многу лоши“.

Во Србија вчера беа пријавени 13 смртни случаи од новиот коронавирус – најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Новите заразени се 299 – просекот минатата недела беше меѓу 250 и 350.

Вкупниот број на потврдени заразени во Србија е 16.719.

Од нив 330 починале.

Активните случаи во земјата вчера беа малку под 3.000.

Во критична состојба се 110 пациенти.

Забраната за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на
отворено, стапува на сила денеска во Белград, а полицискиот час од
петок до понеделник.

Поради влошената епидемиолошка состојба во Србија, повеќето земји во регионот, вклучувајќи ја и омилената туристичка дестинација на Србите, Грција, им забранија на српските граѓани да влезат на своја територија.

 

 

актуелно Белград демонстранти полиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.