Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Хрватска ја стресе силен земјотрес

мај 27, 2026

Времето сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

мај 27, 2026

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

мај 27, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Хрватска ја стресе силен земјотрес
  • Времето сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд
  • Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
  • Честитка од претседателката за Курбан бајрам: Само преку разбирање, различностите можат да бидат предност
  • Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава
  • Резервоар со 300.000 литри течност експлодираше во фабрика во САД, има загинати
  • Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
  • Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава
СВЕТ

Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава

мај 27, 2026Updated:мај 27, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.

Од анкетираните, 50 отсто одговориле дека не планираат летен одмор, а од останатите, 34 проценти рекле дека нивниот одмор ќе биде ограничен, 14 отсто ќе патуваат како и секоја година, а само два проценти од анкетираните планираат да одморат повеќе денови од обично.

Најголемиот дел (42 проценти) од оние кои планираат одмор, очекуваат да трае од четири до седум дена, а за 29 отсто од осум до 14 дена.

Во однос на тоа каде ќе го поминат одморот, мнозинството избираат престој во викендички, во нивните (35 отсто) или во викендичките на други лица (18 проценти) или во изнајмени приватни апартмани и соби (35 отсто), 14 проценти ќе одбере хотели, а само девет отсто од анкетираните ќе заминат во странство.

– Генерално, се забележува тенденција грчките граѓани да избираат поекономични решенија за одмор со цел да заштедат пари за да можат да реализираат некое патување или да го продолжат времетраењето на одморот. Поскапите опции, како „all inclusive“ хотели и крстарења, бележат исклучително ниски проценти, пишува во истражувањето.

Во однос на дестинациите, речиси шест од десет анкетирани ја одбираат континентална Грција, особено крајбрежните области, а 38 отсто ги одбираат островите.

– Резултатите покажуваат јасно насочување кон домашни и подостапни дестинации и избегнување на трошоците за траект, посочуваат од ИЕЛКА.

Според истражувањето, најголемо негативно влијание врз годишните одмори имаат намалените приходи (62 отсто) и зголемените трошоци за патување, односно зголемената цена на билетите (62 проценти), високите цени во угостителските објекти (57 отсто) и зголемените трошоци за сместување (46 отсто).

– Општо земено, резултатите покажуваат јасен тренд на штедење за време на летните одмори, генерално како резултат на намалениот расположлив приход и зголемените трошоци за превоз, сместување и храна. Овој тренд се изразува преку редовно подготвување оброци во местото на престој, избегнување трошоци за ресторани и интензивно купување храна од супермаркети, пекари, продавници за овошје и зеленчук и други локални бизниси, објаснуваат од Институтот.

Истражувањето било спроведено во текот на мај со учество на 700 потрошувачи од цела Грција и опфатило повеќе прашања поврзани летните одмори.

 

 

Извор: МИА

 

актуелно грци Грција одмор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Хрватска ја стресе силен земјотрес

мај 27, 2026

Времето сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

мај 27, 2026

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

мај 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.