Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Помина првиот полициски час, санкции за оние кои нема да ја почитуваат мерката
Во Фокусот

Помина првиот полициски час, санкции за оние кои нема да ја почитуваат мерката

март 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Помина првиот седумчасовен полициски час кој се воведува како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Од синоќа од 22 часот до 05 часот утринава беше ограничено движењето на граѓаните, а на терен беа полициските
службеници кои вршеа контрола.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој синоќа направи обиколка на неколку пунктови, порача дека мерката мора да се спроведе во целост и оти нема да има отстапки за никого.

„Оваа е мерка која никој не ја посакува, но е неопходна ако сакаме да го прекинеме ланецот на ширење на вирусот и токму заради тоа мораме сите да се придржуваме кон неа. Очекувам, како што започнавме оваа вечер, преку почитување на оваа мерка за забрана за движење, заеднички да придонесеме во наредните 14 дена да имаме намалување на ширењето на вирусот, стабилизација на состојбата и зачувување на здравствениот систем. Убеден сум дека заедно ќе ја добиеме и оваа битка против
Ковид-19“, изјави Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните да ја почитуваат мерката, а за оние кои нема да го сторат тоа најави прекршочни и кривични санкции.

Одлуката за полициски час ја донесе Владата завчера на предлог на Комисијата за заразни болести, која очекува дека со оваа мерка ќе се спречи натамошниот пораст на бројот на заболени и хоспитализирани лица.

Полицискиот час ќе трае до 22 март, а отстапки од забраната за движење ќе има за оние граѓани кои имаат потреба од итна медицинска помош.

Одлуката за забрана за движење нема да важи и за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници. За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

За останатите граѓани, движењето во периодот од 22 часот до 05 часот ќе биде дозволено само со дозволи. Ќе важат истите дозволи кои важеа и минатата година кога беше воведен полициски час. На оние кои ги изгубиле дозволите, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ќе им издаде нови.

Одлуката за полициски час беше донесена по зголемениот број на заразени и хоспитализирани лица.

Владини претставници во изминатите денови во изјави за медиумите посочија дека полицискиот час е неопходна мерка и апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера изјави дека не било лесно да се донесе одлуката за полициски час, но оти тоа се прави за да не дојде до порестриктивни мерки.

„Треба да направиме се за да го забавиме покачувањето на бројките на заразени за да одговориме адекватно како здравствен систем и како држава. Одлуката дојде по искуството од веќе една година. Целта е економските оператори да можат непречено да работат, а единствените рестрикции се само за граѓаните што е доволен сигнал за сите, млади и повозрасни, да сфатат дека во оваа битка со непознатиот непријател едно е најважно–нашето здравје. Се друго, економски последици, изгубени работни места–ќе се надомести“, истакна вчера Битиќи.

Од Владата најавија дека ќе ја следат епидемиолошката состојба и оти следните мерки ќе бидат носени согласно тоа како таа ќе се развива. Првите мерки за заштита од коронавирусот беа донесени пред една година.

актуелно полициски час санкции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.