Со пандемијата предизвикана од корона вирусот, понудата на нови возила, поради проблеми со снабдувањето со чипови, значително се намали, заради што половните возила почнаа да поскапуваат до невидени размери – некои стари автомобили беа поскапи од новите.
Повеќе од две години дилерите на половни автомобили ги триеја рацете од среќа, а сега ситуацијата се менува.
Такви се најавите од најзначајниот светски пазар, САД, кој, во речиси се, уште ги диктира трендовите.
„Њујорк тајмс“ пишува дека цените на користените возила сега паѓаат, односно дека пазарот се нормализира, пропратен со драматична криза на големите трговци, како што, на пример, е „Карвана“.
Во последниот квартал од минатата година „Карвана“ имала загуба од 500 милиони долари и отпуштила 4.000 вработени.
Вредноста на користените возила во САД минатата година падна за 14 отсто, а годинава ќе падне за уште најмалку 4 отсто.
Причини? Американците купуваат помалку користени автомобили поради стравувањата од рецесија и зголемувањето на каматните стапки на кредитите, кои пораснаа поради задржувањето на инфлацијата.
Американските трендови обично се значајни и за европскиот пазар, па ќе видиме што не чека.







