Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Портокалова фаза до 14 август, граѓаните да се заштитат од високите температури
Локално

Портокалова фаза до 14 август, граѓаните да се заштитат од високите температури

август 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Топлото време со многу високи температури од портокалова фаза што вчера ја зафатија целата држава ќе се задржи до 14 август. Во наредните денови температурата ќе достигне до 41 степен, а ќе има и високо УВ зрачење, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Се препорачува граѓаните да се заштитат од високите температури.

Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…

Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.

Во препораките се истакнува дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Граѓаните во целиот летен период потребно е да ги почитуваат следните општи мерки за заштита на здравјето, што значи дека во текот на екстремно топли денови треба да останат подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, да носат светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да користат крема со висок заштитен фактор, да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности,
најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а  хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се
конзумира сладолед и разни кремови.

Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, а по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици во наредните денови посебно за најранливата категорија на граѓани.

актуелно портокалова фаза топло време
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.