Полагањето на државната матура во јунската испитна сесија во 2017 година почна со тестот по мајчин јазик и литература.
Покрај овој испит, ќе има уште три испити од државната матура до 14 јуни, а вкупно годинава се пријавени 16.426 кандидати.
Според податоците на Државниот испитен центар, 10.632 матуранти се пријавени за тестт по македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.
На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број 15.201 се пријавени за англсики јазик, за француски 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.
Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријаевни се 2.070 матуранти.
Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни, за тест по биологија се пријавени 3.445, за хемија 282,, за физика 119, за историја 2900 кандидати, за бизнис 4.298, филозофија 3.684и за естетика 193 какдидати.
Според видот на образование 8.274 од вкупинот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7.881 од стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.
Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит.







