Од денес до 3 февруари во средните училишта во Македонија ќе се спроведува екстерно тестирање.
Со тестирање ќе бидат опфатени над 18.000 ученици во завршните години од средното образование.
Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени на 7 февруари.
Матурантите пред една недела добија информација за тоа кој ден се полага, а во петокот, онака како што предвидува законот, училиштата ги објавија распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани.







