Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Правници и економисти доминираат во предложениот владин состав, најмладиот министер има 33 години
Македонија

Правници и економисти доминираат во предложениот владин состав, најмладиот министер има 33 години

август 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Правници и економисти доминираат во составот на новата Влада на мандатарот Зоран Заев, дипломиран економист и долгогодишен бизнисмен и поранешен градоначалник, кој ја вршеше премиерската функција и во изминатите три години.

За спроведувањето на владината програма ќе бидат задолжени и
електроинженер, архитект, новинар, специјалист хирург, специјалист по
неврохирургија, специјалист по интерна медицина, дипломиран социјален работник.

Најмладиот министер има 33 години, а највозрасниот 56, покажуваат податоците од објавените биографии во Предлог составот на Владата.

Првпат Владата добива прв вицепремиер и министер за политички систем, функција што ќе ја врши дипломираниот новинар и долгогодишен пратеник од ДУИ Артан Груби, како и вицепремиер за борба против корупцијата, за што е предложен Љупчо Николовски, дипломиран правник, генерален секретар на партијата и поранешен министер за земјоделство.

Вицепремиерска позиција за европски прашања ќе врши и Никола Димитров, досегашниот министер за надворешни работи, кој исто така е дипломиран правник.

За вицепремиерското место за економија ќе биде задолжен Фатмир Битиќи.

Во неговата биографија пишува дека е интернационален експерт по менаџирање со економски процеси и реформи, а меѓу останото бил извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија и претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

На оваа позиција во изминатите три години од мандатот на Владата беа бизнисменот Кочо Анѓушев и Мила Царовска.

Битиќи треба да ги координира Фатмир Бесими, кој ќе раководи со Министерството за финансии, Крешник Бектеши со Министерството за економија, Јетон Шаќири во Министерството за информатичко општество и
администрација, тројцата кадри од ДУИ, како и Аријанит Хоџа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кадар на БЕСА, Благоја Бочварски во Министерството за транспорт и врски и Јагода Шехпаска во Министерството за труд и социјална политика, кои пак се кадри на СДСМ.

Од економскиот владин тим Бесими е доктор по економија, Бектеши е магистер по менаџмент и стратегии, а Хоџа е професор на Факултетот за бизнис и администрација во Универзитетот на Југоисточна Европа и тој ќе биде и најмладиот министер во Владата.

Бочварески е дипломиран архитект и доскорешен градоначалник на Општина Штип, додека Шехпаска е специјалист по интерна медицина и пратеник во претходните два собраниски состава.

Нема промени во раководните позиции во безедносните ресори–за внатрешни работи и за одбрана.

Таму повторно ќе раководат Оливер Спасовски, дипломиран правник и доскорешен технички премиер кој ја вршеше министерката функција во Министерството за внатрешни работи пред почетокот на преодната Влада, како и Радмила Шекеринска, електротехнички инженер која останува да ја менаџира одбраната како и во изминатите три години.

И во Министерството за здравство останува досегашниот министер Венко Филипче, кој по професија е специјалист неврохирург, а министерската функција во Министерството за животна средина и просторно планирање и понатаму ќе ја врши и Насер Нуредини, со претходна кариера кариера
во областа на финансиите во Лондон и Виена како аналитичар и како
инвестициски менаџер за пазарите во Централна и Источна Европа.

Со ист министер останува и ресорот локална самоуправа, каде ќе
продолжи да раководи Горан Милевски, по професија економист и кадар на ЛДП.

За менаџирањето во ресорот правда ќе биде одговорен Бојан Маричиќ, магистер по меѓународно и европско право.

На функцијата министер доаѓа од позицијата Национален координатор за интеграција во ЕУ, Берлински процес и регионална соработка и заменик на главниот политички преговарач и шеф на преговарачкиот тим за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ при Владата.

За дипломатијата ќе биде задолжен Бујар Османи специјалист хирург и доскорешен вицепремиер за европски прашања.

Министерството за образование и наука, пак, ќе го раководи Мила Царовска, која е дипломиран социјален работник, доскорешен вицепремиер за економски прашања и која имаше и министерска функција во Министерството за труд и социјална политика во досегашната Влада.

За министерка за култура е предложена Ирена Стефоска, која е доктор на историски науки и досегашна претседателка на собраниската Комисија за култура.

Оваа влада е за седум министри помала од претходната и ќе брои 19 министерски места и премиер.

Во новата влада ќе има четири жени, сите од редовите на СДСМ.

актуелно владин состав економисти правници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.