Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Празни столици низ цела Грција – мирни и симболични протести на грчките угостители
СВЕТ

Празни столици низ цела Грција – мирни и симболични протести на грчките угостители

мај 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Стотици празни столици вчера ги наполнија плоштадите во голем број грчки градови на симболичниот нем протест организиран од Федерацијата на угостителски и сродни професии, во рамките на европската иницијатива „Empty chairs“, а со цел да се побараат ефективни решенија за да преживее конкретниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

На плоштадот Синтагма, во центарот на Атина, беа поставени 200 празни столици, а на секоја од нив по една порака со барањата на угостителите.

„Намалување на даночните стапки на 20 отсто а 2020“; „Намалување на стапката на ДДВ на шест отсто“; „поддршка на вработеите“; „Субвенции од 100 проценти за кирија за затворените бизниси“, беа дел од пораките односно барањата на угостителите.

Претседателот на Федерацијата на угостителски и сродни професии Јоргос Каватас, за МИА вели дека станува збор за иницијатива што истовремено се одржува низ цела Грција, „од Крит до Еврос и од Крф до Родос“.

-Ја симболизира ситуацијата со која што ќе треба да се соочиме во следниот период, ако владата не преземе конкретни мерки за поддршка на нашиот сектор. Главните три барања се: намалување на стапката на ДДВ на шест отсто во угостителството е и кафето, финансиска помош со обртен капитал за одново започнување со работа и поддршка на работните места, вели Каватас и додава дека без поддршка и помош од државата околу 30 отсто од сопствениците на угостителските објекти и кафулињата нема да можат да одговорат на обврските.

Рестораните и кафулињата во Грција, планирано е да се отворат на 1 јуни, но само надворешните делови.

Каватас за дописничката на МИА од Атина, објаснува дека за нив не игра улога датумот на отворање, туку е важно да постои решение на нивните проблеми.

-Дали ќе отвориме на 1 јуни или на 20 мај, ако не се решат проблемите, бизнисите од нашиот сектор не се одржливи, додава претседателот на Федерацијата на грчки угостители.

Грција Протести угостители
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.