Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да гласаат Џафери повторно да биде претседател на Собранието
Македонија

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да гласаат Џафери повторно да биде претседател на Собранието

август 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница сo претрес за предлогот за претседател на законодавниот дом повторно да биде избран Талат Џафери.

Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива во дебатата најавија дека ќе гласаат против предлогот.

Бројот на потписите собрани за предлогот на Џафери укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и ДУИ за формирање на владина коалиција.

Претседателот на Собранието се избира со 61 глас „за“.

Предлогот за претседател на Собранието го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери ефикасно и
успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот.

Тој, според Меџити, успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлогот Џафери да биде повторно претседател на Собранието.

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ своето обраќање го започна со коментар дека со 62 пратеници нема фукционалност и стабилна работа во
парламентарниот дом и оти вакво Собрание нема „долго да биде“.

„Малиот број на пратенци не ни дава можност дека овој дом ќе биде фукционален и дека ќе работиме како што треба. Предлогот што го доставувате, нема да биде поддржан. Во делот од предлогот во прочитав една реченица дека Џафери во минатиот мандат успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието“, рече Мицевски.

Тој се наврати на работењето на Собранието во претходниот мандат, кога претседател на Парламентот беше Талат Џафери, посочувајќи на злоупотреби на Деловникот, дека 40 отсто од законите биле донесени со скратена постапка, злоупотреба на уредбите, злоупотреба на европското знаменце и друго.

Јован Митревски од СДСМ реплицираше дека е точно оти од 800–300 биле донесени во скратена постапка, но дека 90 отсто од донесените по скратена постапка биле усогласување на со законот за прекршоци со кои се намалуваат казните за граѓаните.

Во однос на формирањето на владејачкото мнозинство, Митревски рече дека тоа ќе трае цели четири години и оваа држава ќе оди напред, а претседател на Собранието ќе биде Талат Џафери.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

„Процедурата е гаранција за демократија, претседавачот треба да се однесува како претседател, но со оглед на фактот што вие сте предложен за претседател, ќе треба да одредите некој од вашите заменици да ја води седницата“, рече Силјановска.

На ова Џафери рече дека седницата може да ја води додека трае претресот и дека во одреден момент ќе повика некој од замениците да претседава со седницата.

Пратеничката Силјановска рече дека Џафери е 19 години на функција,
што според неa, е предолго.

Политиката, како што кажа, не смее да биде занимање туку треба да следи по нешто што сте го направиле во животот.

Потсети дека функцијата претседател на Собранието влегла во пазарењето меѓу коалициските партнери што е недозволиво.

Исто така Силјановска рече дека во минатиот собраниски состав кога Џафери беше претседател на Собранието имало злоупотреба на европското знаме неколку пати беше, укажа на резултатите од референдумот што како што оцени бил неуспшен и уставната промена.

„Се случи уставните измени да ги брани министерот за надворешни работи, но овде седеа и двајца луѓе од кабинетот на премиерот. Многу други закони се носеа на ваков начин без дебата и затоа јас имам голема резерва кон староновиот претседатле на Собранието како чувар на Деловникот и процедурата“, рече Силјановска, која потенцра дека не смее да има грубо кршење на Деловникот и оти мора да се држиме до процедурата.

Таа, сепак, позитивно го оцени потегот на Џафери кој ги потсети актуелните пратеници дел од владата дека со верификацијата на мандатите им престануваат функциите во Владата, но тие, како што кажа Силјановска, ревносно си ги вршат своите функции, спротивно на Уставот, Деловникот и Изборниот законик.

Скендер Реџепи, како претставник на Алијанса за Албанците и Алтернатива исто така кажа дека тие нема да гласаат за Џафери и дека дури и нема да присуствуваат на гласањето за него.

Обвини за крадење на албанските гласови од страна на ДУИ и рече дека тие ќе продолжат со демократско делување.

актуелно Алијанса за Албанците и Алтернатива вмро-дпмне пратеници Претседател собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.