Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прв состанок на работната група за ветинг во МВР
Македонија

Прв состанок на работната група за ветинг во МВР

август 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Работната група за ветингот во МВР денеска треба да го одржи првиот состанок.

Како што најави неделава државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, состанокот треба да го отвори министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Работната група до 1 октомври треба да подготви предлог план кој ќе се достави до
Владата на усвојување.

На Шестата сесија на Работната група IV на тема „Ветингот како мерка за остварување на интегритет на институциите, што се одржа во вторникот, беше констатирано дека обезбедување на консензус меѓу главните политички субјекти е клучниот сегмент за спроведување на ветингот во Република Северна Македонија.

Од дебатата произлезе и предлогот дека е неопходно да се спроведе комплетна и комплексна анализа на фактичката состојба, потребата, постапката и последиците од ветингот во областа каде тој ќе се спроведува.

Експертите се согласија и дека е значајно институциите што планираат да спроведат процес на ветинг кадровски да се подготват за да ги заменат вработените кои нема да го поминат процесот на ветинг, а со цел институциите непречено да ја спроведуваат својата функционална надлежност.

Искуство, на сесијата сподели Андреа Јалечова од Националните безбедносни власти на Словачка која е независна државна институција за заштита на класифицирани информации, формирана во 2001 година со цел интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

„Институцијата која сака да изврши ветинг доставува барање за лицето и негова согласност за да биде подложено на ветинг, бидејќи ако лицето не е согласно не може да се направите проверка. Вториот чекор е барање на информации од институциите. Во Словачка имаме можност за полиграф, а таа процедура може да ја побара самото лице кое е подложено на ветинг“, информираше Јалечова.

Информациите добиени од ветингот, појасни таа, се класифицирани и се строго чувана тајна во архивите на Националните безбедносни власти.

Во Словачка ветингот го поминале обвинители, професионални војници, полицајци, вработени во министерството за надворешни работи.

„ветинг“ актуелно мвр работна група состанок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.