Папата Франциск денеска ќе отпатува за Монголија, каде ќе се сретне со монголските лидери, јавни личности и претставници на граѓанското општество.
Франциск ќе биде првиот поглавар на Католичката црква што ќе ја посети оваа земја без излез на море, која се наоѓа меѓу Русија и Кина.
Папата треба да полета од Рим во 18.30 часот, а неговото пристигнување во главниот град на Монголија, Улан Батор, се очекува утре изутрина.
Веднаш по пристигнувањето ќе му биде приреден официјален пречек на аеродромот Џингис Кан.
По ноќниот лет, 86-годишникот се очекува да нема обврски првиот ден. Во таа источноазиска земја тој планира да остане до понеделник.
Во Монголија има само околу 1.500 католици од повеќе од 3 милиони жители.
Главните религии во земјата се будизмот и шаманизмот.
За време на неговата посета Франциск има за цел да ја зајакне малата католичка заедница и да промовира дијалог меѓу религиите.







