Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прва средба Османи – Вархеји денеска – главна тема почеток на преговорите со ЕУ
Македонија

Прва средба Османи – Вархеји денеска – главна тема почеток на преговорите со ЕУ

септември 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
Drapeaux Berlaymont
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја продолжува својата прва работна посета откако е на оваа функција, денеска се сретнува со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Османи вчера се сретна со неколку европратеници и со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, со кого разговарале за отворањето на преговорите за членство со ЕУ пред крајот на оваа година, како што очекува Македонија.

Од страна на шефот на европската дипломатија било нагласено декаМакедонија треба да продолжи, и да се забрза исполнувањето на реформите што ги бара Европската Унија, посебно во делот на правосудството и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Борел истакнал дека е потребно да се работи на добрососедските односи исто така.

Се очекува од Вархеји денеска да стигнат слични пораки.

Македонија е во исчекување на зелено светло за почеток на преговори, а претходно земјите членки на ЕУ треба да се усогласат за преговарачката рамка за овој процес, рамка за која резервираност изрази Бугарија поради нерешени прашања помеѓу двете земји.

Османи вчера добил охрабрување од европратениците со кои се сретнал дека ќе помогнат Македонија да добие зелено светло до крајот на оваа година, за да може првата меѓувладина конференција да се одржи во декември.

Денеска министерот за надворешни работи ќе се сретне и со известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, Илхан Ќучук, кој е по потекло од Бугарија.

Ќучук подготвува резолуција во Европскиот Парламент за поддршка за отворањето на преговорите со ЕУ.

Шефот на македонската дипломатија вчера изјави дека е оптимист за преговорите со ЕУ оваа година.

-Очекувам навремено усвојување на преговарачката рамка, притоа запазувајќи ги принципите на новата методологија во преговарачкиот процес. Ни претстои период на позитивна клима, многу работа, но и мотив за испорачување резултати од реформите на домашен план. Мојот фокус е продлабочување на добрососедските односи не само како наша автентична придобивка, туку и како активен придонес во регионалната соработка како клучна политика за одржување на европската идеја на Балканот, изјави вчера Бујар Османи.

Тој разговарал и за состојбата во регионот со Јосеп Борел, посебно за дијалогот Белград и Приштина и го уверил шефот на европската дипломатија дека Македонија стои на располагање за да помогне доколку тоа биде потребно.

Се очекува исто така со Вархеји денеска да стане збор и за Економскиот и инвестициски план што го најавува Европската Комисија веќе неколку месеци.

Овој План треба да биде објавен во текот на октомври и има за цел да помогне за зајакнување на економиите во регионот пред сѐ преку инфраструктурни проекти.

актуелно вархеи Османи преговори еу средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.