Преживеаини поранешни затвореници од некогашниот логор на смртта Аушвиц, на југот на Полска, денеска, на Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, 27 јануари, положија цвеќе на Ѕидот на смртта.
АП пренесува дека преживеаните носеле марами со линии, какви што биле логорските униформи, а дека некои од нив на рака носеле лента и на неа испишана буквата „П“, симболот со кој Германците ги обележувале Полјаците.
На почетокот на Втората светска војна, повеќето затвореници во овој логор биле Полјаци кои тука ги сместиле окупаторските германски сили.
Подоцна Аушвиц е претворен во логор во кој масовно беа убивани „неариевци“.
Од 1,1 милион жртви најголемиот дел се Евреи, а меѓу останатите се Полјаци, Роми и Руси.
Официјалната церемонија на одбележувањето на 74 годишнината од советското ослободување на Аушвиц ќе се одржи попладнево на местото каде што се наоѓаат остатоците од некогашните гасни комори.












