Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПРЕКИН НА ОГНОТ!? Шефот на Хамас пристигна во Каиро, во тек се интензивни преговори…
СВЕТ

ПРЕКИН НА ОГНОТ!? Шефот на Хамас пристигна во Каиро, во тек се интензивни преговори…

декември 20, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Исмаил Ханија, шефот на Хамас, пристигна денеска во Каиро, објави палестинската исламистичка организација, а информиран извор потврди за Ројтерс дека во тек се интензивни преговори за размена на заложници за палестински затвореници меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар и Египет.

Според медиумите, Израел понудил прекин на огнот во Газа на најмалку една недела како дел од преговорите за пуштање на слобода на дополнителни заложници од енклавата, потсетува ДПА.

Ханија, кој живее во Катар, пристигна „во египетската престолнина на разговори со египетските власти за развојот на ционистичката агресија во Појасот Газа и многубројни други прашања“, се наведува во соопштението кое го цитира агенцијата АФП.

И Хамас и Израел дадоа повеќе сигнали за можноста да се постигне прекин на огнот во борбите во Газа.

Вчера, израелскиот претседател Исак Херцог ја навести можноста за нова хуманитарна пауза во Газа за да се олесни натамошното ослободување на заложниците.

„Израел е подготвен за нова хуманитарна пауза и дополнителна хуманитарна помош за да се олесни ослободувањето на заложниците“, им рекол тој на дипломатите, според портпаролот.

Онлајн порталот „Аксиос“ во вторникот објави, наведувајќи две израелски официјални лица и еден „добро упатен извор“, дека Израел очекува Хамас за возврат да ослободи повеќе од триесет заложници.

Предлогот на Израел за најмалку еднонеделно примирје во замена за пуштање на околу 40 заложници бил пренесен преку посредник на Катар, пишува „Аксиос“.

Останатите жени, мажи над 60 години и други заложници кои се уште се во Газа, а се болни или тешко ранети и потребна им е итна медицинска помош ќе бидат ослободени, објави порталот.

Станува збор за прв предлог на Тел Авив откако еднонеделниот договор за прекин на огнот истече минатиот месец, информира Аксиос.

За време на тоа примирје беа пуштени 105 заложници, а Израел за возврат ослободи 240 Палестинци од своите затвори.

Медиумите во понеделникот објавија дека Дејвид Барнеа, шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, во Варшава ги информирал директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, и катарскиот премиер, Абдулрахман Ал Тани, за новите преговори со Хамас.

Хамас, организација која Израел, Соединетите Американски Држави и неколку други земји ја сметаат за терористичка, претходно објави дека не сака да преговара доколку Израел не ги прекине своите воени операции.

Според израелските проценки, најмалку 109 заложници се уште се во Појасот Газа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно Газа заложници Израел Палестина Хамас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.